Гола Чука (Мариово)
- Оваа статија е за чуката во Мариово. За чуката во кривопаланечко видете Гола Чука (Кривопаланечко).
Гола Чука — чука со висина од 1.336 м нмв во Република Македонија, со координати 41° 4' 14" СГШ, и 21° 36' 11" ИГД.
На 25 септември 1903 г. македонските чети и војводи од Егејска Македонија на Пајак планина кај врвовите Гантач и Гола Чука воделе една од најхрабрите и најславни големи битки против многубројниот турски аскер. Во овие битки се истакнале војводите Апостол Петков и Иван Карасулијата со своите чети кои на турската војска и нанесле тешки загуби од 180 загинати турски војници и неброен ранет аскер додека на своја страна загубиле само еден комита. За ваквиот диспропорционален број на загуби, македонските герилци ја имале главната предност во стратешката доминантна позиција на запоседнатите врвови кои биле практично неосвоиви а сè што доаѓало кон нив било лесна цел. Покрај тоа и познавањето на секоја педа од своите планини, на истренираната македонска герила и било дополнително олеснение за прифаќање на битката.
Оваа статија чука во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |