Година на кучето - безбедна година на кучето (кована пара)
Година на кучето - безбедна година на кучето — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.
Година на кучето - безбедна година на кучето | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Номин. вредност | 100 денари |
Метал | сребро 925 |
Тежина | 28,28 г |
Димензии | 38,61 мм |
Облик | кружен |
Издадена | 2018 |
Цена | 3.200 ден. |
Опис
уредиЛице
уредиНа лицето, во средината на монетата се претставени Грбот на Република Македонија и годината на издавањето на монетата - „2018“. Околу монетата (по должината на периметарот) се прикажани натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]
Опачина
уредиНа опачината, во средината на монетата е претставена слика на куче во боја претставено како заштитник на домот - куче кое прегрнува куќа. Над куќата е прикажано небо со ѕвезди, Сонцето и Месечината. Во горниот дел од реверсот на монетата (по должината на периметарот), се наоѓа натписот „БЕЗБЕДНА ГОДИНА НА КУЧЕТО“ на англиски јазик.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „Година на кучето – безбедна година на кучето"“. Посетено на 8 јануари 2018.