Гломеромикоти
Gigaspora margarita во симбиоза со Lotus corniculatus
Научна класификација
Царство: Fungi
Оддел: Glomeromycota
C. Walker & A. Schuessler 2001[1]
Класа: Glomeromycetes
Caval.-Sm., 1998[2]
Редови

Archaeosporales
Diversisporales
Glomerales
Paraglomerales

Гломеромикотите (лат. Glomeromycota, неформално Glomeromycetes) составуваат еден од седумте моментално признати типови на габи[3] со приближно 230 видови. Членовите на овој тип образуваат арбускуларна микориза (АМ) со корењата или талусите (на пример, мовови) на сувоземните растенија. Geosiphon pyriformis образува ендоцитобиотска асоцијација со цијанобактериите од родот Nostoc.[4] Формирањето на АМ не е сè уште потврдено за сите видови. Повеќето докази покажуваат дека гломеромикотите се облигатни биотрофи кои јаглерод и енергија добиваат исклучително од симбиозата со сувоземните растенија или цијанобактериите. Меѓутоа, постојат одредени наводи за тоа дека некои видови можат да водат независен начин на живот.[5] Видовите кои образуваат арбускуларни микоризи се сувоземни и нашироко распространети во почвите, каде формираат симбиози со корењата на повеќето растителни видови (>80%). Можат исто така да се најдат и во влажни станишта, вклучително и солени мочуришта, како и во асоцијации со епифитни растенија.

Размножување

уреди

Гломеромикотите обично имаат ценоцитни (понекогаш слабо септирани) мицелиуми и се размножуваат бесполово по пат на бластичен развиток на врвовите на хифите, при што даваат спори (гломероспори) со пречник од 80-500μm. Кај некои видовие се формираат сложени спори во рамките на терминална сакула.

Наводи

уреди
  1. Schüßler, A.; и др. (2001). „A new fungal phlyum, the Glomeromycota: phylogeny and evolution“. Mycol. Res. 105 (12): 1413–1421. doi:10.1017/S0953756201005196. Архивирано од изворникот на 2011-05-24. Посетено на 2011-11-25.
  2. Cavalier-Smith, T. (1998). „A revised six-kingdom system of Life“. Biol. Rev. Camb. Philos. Soc. 73: 246. (as "Glomomycetes")
  3. Hibbett, D.S.; и др. (2007). „A higher level phylogenetic classification of the Fungi“. Mycol. Res. 111 (5): 509–547. doi:10.1016/j.mycres.2007.03.004. PMID 17572334.
  4. New Page 1
  5. Hempel, S., Renker, C. & Buscot, F. (2007). „Differences in the species composition of arbuscular mycorrhizal fungi in spore, root and soil communities in a grassland ecosystem“. Environmental Microbiology. 9 (8): 1930–1938. doi:10.1111/j.1462-2920.2007.01309.x. PMID 17635540.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)