Глобална бизнис мрежа

Глобална Бизнис мрежа Глобалната Бизнис мрежа или ГБМ, е стратешка советодавна фирма и член на Групацијата за надгледување, која им помага на претпријатијата, невладините организации и владите да користат стратешко планирање за дологорочните идни планови.ГБМ се наоѓа во Сан Франциско, а свои канцеларии има во Њујорк, Лондон и Кембриџ, Масачусетс[1].

Историјa

уреди

ГБМ е основана во Беркли, Калифорнија, во 1987 година, од страна на група пријатели вклучувајќи ги Питер Шварц,Џеј Огилви,Стјуарт Бренд, Напиер Колинс и Лоренс Вилкинсон. Друштвото се зголеми и се вклучија главната група на "практиканти" и над сто "членови на мрежата", интересни аналитичари од различни и бројни области, како што е стручњакот за друштвени медиуми, Клеј Ширкли, антропологот Мери Кетрин Бејтсон, економистот Ејден Ејакузе, музичарот Брајан Ино, биотехнологот Роб Карлсон и Кинескиот научник Орвил Шел. Во текот на првите 15 години, корпоративните корисници плаќаа и по 40 илјади американски долари годишно, со цел да добијат пристап до оваа мрежа на советници преку приватни мрежни места, да присуствуваат на состаноците за појавувањето на новите трендови и семинарите за обука и месечно да добиваат одбрана литература во врска со идните прашања.ГБМ повеќе не прима членови, наместо тоа се концентрира на конултации за сценариско планирање и обука. Пред ГБМ, Питер Шварц бил вработен во Меѓународниот Институт за Истражување во Стенфорд (анг.SRI International), како директор на Центарот за Стратешка Средина, а од 1982 до 1986 година му следела позицијата Шеф на Стратешкото планирање при Кралството Холандија/Shell, каде што ја продолжил пионерската работа на Пјер Вак. Тоа е дел од Групацијата за Набљудување уште од 2000 година.

Стратешко планирање

Стратешкото планирање, за разлика од прогнозирањето кое ги екстраполатира поранешните и сегашните трендови за да се предвидат идните, е заемен процес за истражување можности, веродостојна иднина и колку се тие битни за стратегиите, политиките и одлуките.Стратешкото планирање за првпат го употреби армијата во Втората светска војна, а потоа и Херман Кан во Корпорацијата за Истражување и Развој (RAND)"Размислувајќи за незамисливото", за време на Студената војна, пред Пјер Вак и други визионери во Кралството Холандија/Shell во 1970ите го приспособат за поткажување на корпоративните стратегии.Основните принципи на стратешкото планирање опфаќаат пошироки размислувања во врска со силите на контекстуалната средина која поттикнува промени, ангажира различни перспективи за да ги препознае и протолкува, како и нивно долгорочно усвојување.

Наводи

уреди
  1. „Where We Started“. GBN.com. Архивирано од изворникот на јануари 5, 2010.