Глобален информативен систем за биоразновидност

Глобален информативен систем за биоразновидност (англиски: Global Biodiversity Information Facility, GBIF) — меѓународна организација посветена на распространување на податоци за биоразновидноста на семрежјето.[1] Податоците доаѓаат од бројни установи разни делови на светот; информациската архитектура на GBIF нуди пристап и пребарливост на овие податоци од единствен портал. Во нив се обработени растенијата, животните, габите и микробите од целиот свет, како и податоци за нивните научни имиња.

Глобален информативен систем за биоразновидност
Global Biodiversity Information Facility
Вид место
биоразновидност, природонаука
Опслужувано подрачјецел свет
Адресаgbif.org
Комерцијалноне
Пуштено2001; пред 23 години (2001)
Тековна состојбаактивно
Земји-учеснички во јуни 2020 г.

Задачата на GBIF е да овозможи слободен и отворен пристап до светските биоразновидносни информации, а во поддршка на одржливиот развој.[1] Особен нагласок се дава на учеството на партнери, дотурот на податоци, разработка на постапки и стандарди, со цел да се обезбеди целовитост и меѓусебна складност, градејќи информатичка инфраструктура која ги поврзува различните видови податоци од разни извори, градење на капацитети и развој на аналитички алатки за подобрено одлучување.[1][2]

GBIF се стреми да изгради информатички врски помеѓу дигиталните податочни ресурси за разни единици од гени до екосистеми, и да ги поврзе прашањата од научно со оние од општествено значење по пат на геонаведување и ГИС-алатки. Делува во соработка со други меѓународни организации како Каталогот на живиот свет (Catalogue of Life), Стандардите за биоразновидносно информирање, Конзорциумот за линиски код на живиот свет (CBOL), Енциклопедијата на живиот свет (EOL) и Глобалниот систем на земјонабљудувачки системи (GEOSS). Податоците достапни преку GBIF со годините доживеале огромен пораст, особено благодарејќи на учеството на граѓански научници.[3][4]

Од 2002 до 2014 г. GBIF доделувал престижната глобална награда „Ебе Нилсен“ од полето на биоразновидносната информатика, а во вредност од 30.000 евра. Во 2018 г. Секретаријатот на GBIF давал две годишни награди: Предизвикот „Ебе Нилсен“ и Наградата за млади истражувачи.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „What is GBIF?“. www.gbif.org.
  2. O'Brien, Colleen (31 јули 2017). „Open-source species location data supports global biodiversity analyses“. Mongabay Environmental News.
  3. Heberling, J. Mason; Miller, Joseph T.; Noesgaard, Daniel; Weingart, Scott B.; Schigel, Dmitry (9 февруари 2021). „Data integration enables global biodiversity synthesis“. Proceedings of the National Academy of Sciences. 118 (6): e2018093118. Bibcode:2021PNAS..11820180M. doi:10.1073/pnas.2018093118. PMC 8017944 Проверете ја вредноста |pmc= (help). PMID 33526679 Проверете ја вредноста |pmid= (help).
  4. „Big Data Accelerates Biodiversity Research - News - Carnegie Mellon University“. www.cmu.edu. Carnegie Mellon University. 26 март 2021.
  5. „Ebbe Nielsen Challenge“. www.gbif.org. Посетено на 12 јануари 2022.

Надворешни врски

уреди