Глизеов каталог

(Пренасочено од Глизеови објекти)

Глизеов кататалог на блиски ѕвезди — современ каталог на ѕвезди на растојание до 25 парсеци (81,54 светлосни години) од Земјата.

Прво издание и додатоци

уреди

Во 1957 г. германскиот астроном Вилхелм Глизе го објавил неговиот прв ѕвезден каталог на 915 познати ѕвезди на растојание до 20 пс (65 сг) од Земјата, наведувајќи ги нивните познати особини и подредувајќи ги според ректасцензија.[1] Ѕвездите ги означил со GL БББ, каде Б е редниот број.[2]

Во 1969 г. Глизе објавил подновена верзија под насловот „Каталог на блиски ѕвезди“, со сите познати ѕвезди во далечина до 22 пс (72 сг), вкупно 1.529,[2] под шифрите Gl ББ.БВ (каде В е вметокот .0 поради меѓувремено откриените ѕвезди). Така, списокот оди од 1.0 до 915.0.

Ричард ван дер Рит Вули и неговите соработници во 1970 г. објавиле додаток, со кој е проширен опфатот на каталогот до 25 пс (82 сг). Овде се додадени броеви од 9001 до 9850 користејќи ја денес застарената претставка Wo во полза на GJ.[3]

Подоцнежни изданија

уреди

Глизе го објавил додатокот кон второто издание во 1979 во соработка со Хартмут Јарајс. Овој заеднички каталог денес се нарекува Глизе-Јарајс (Gliese–Jahreiß, GJ).[4] Објавени се две табели: првата ги користи ознаките GJ ББББ за ставките од 1000 до 1294 кај потврдените блиски ѕвезди; втората табела користи GJ ББББ за ставките од 2001 до 2159 за можни блиски ѕвезди.[5] Since the publication of this catalogue all of the stars in the combined catalogue and succeeding supplements are designated by the preferred GJ prefix.

Во 1991 г. Глизе објавил Трет каталог на блиски ѕвезди (CNS3), повторно во соработка со Јарајс. Иако наречен „прелиминарен“, оваа верзија е во тековна употреба.[6] Во него се опфатени 3.803 ѕвезди, од кои 1.388 немале постоечки броеви. Бидејќи каталогот нема конечна верзија, овие ѕвезди добиле броеви од 3001 до 4388, иако не се во честа употреба

Последната целосна семрежна поднова на каталозите е објавена во 2010 г. Тука се преработени координатите за епохата J2000 и усогласени со изворите на 2MASS онаму каде ова е применливо.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Gliese, W. (1957). Katalog der Sterne näher ALS 20 Parsek für 1950.0. Astronomisches Rechen-Institut, Heidelberg, 89 Seiten. Bibcode:1957MiABA...8....1G.
  2. 2,0 2,1 Gliese, W. „Catalogue of Nearby Stars. Edition 1969“. Veröffentlichungen des Astronomischen Rechen-Instituts Heidelberg, Nr. 22, Verlag G. Braun, Karlsruhe, 117 Seiten. Bibcode:1969VeARI..22....1G. Архивирано од изворникот на 2012-02-18. Посетено на 2018-02-17.
  3. Woolley, R. V. D. R.; Epps, E. A.; Penston, M. J.; Pocock, S. B. (July 1997). Stars within 25 pc of the Sun (Woolley+ 1970) (VizieR On-line Data Catalog: V/32A. Originally published in: 1970ROAn....5....1W. изд.). SIMBAD. Bibcode:1997yCat.5032....0W.
  4. Gliese, W.; Jahreiß, H. (1979). „Nearby Star Data Published 1969-1978“. Astronomy & Astrophysics Supplement Series. 38: 423–448. Bibcode:1979A&AS...38..423G.
  5. „Dictionary of Nomenclature of Celestial Objects“. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 2009-12-11.
  6. Gliese, W.; Jahreiß, H. (1991). „Preliminary Version of the Third Catalogue of Nearby Stars“. Во L.E. Brotzmann; S.E. Gesser (уред.). The Astronomical Data Center CD-ROM: Selected Astronomical Catalogs. I. Greenbelt, MD: NASA/Astronomical Data Center, Goddard Space Flight Center. Bibcode:1991adc..rept.....G.
  7. STAUFFER J.; TANNER A.M.; BRYDEN G.; RAMIREZ S.; BERRIMAN B.; CIARDI D.R.; KANE S.R.; MIZUSAWA T.; PAYNE A.; PLAVCHAN P.; VON BRAUN K.; WYATT P.; KIRKPATRICK J.D (2010). „Accurate Coordinates and 2MASS Cross-IDs for (Almost) All Gliese Catalog Stars“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 122: 885–897. arXiv:1006.2441. Bibcode:2010PASP..122..885S. doi:10.1086/655773.

Надворешни врски

уреди