„Глад“филм на режисерите Живоин Павловиќ, Марко Бабац и Војислав Кокан Ракоњац од 1963 година. Главните улоги ги играат: Бранка Јовановиќ, Михајло Костиќ Пљака, Љиљана Шљапиќ и Милош Жутиќ. Филмот се состои од три приказни: „Љубов“ (во режија на Кокан), „Срце“ (во режија на Бабац) и „Обрач“ (во режија на Павловиќ). Тој е познат како единственото остварување во историјата на југословенската кинематографија кое било официјално забрането. Имено, веднаш по завршувањето на филмот, неговото прикажување било забрането со одлуката на судот во Сараево, а забраната била укината дури во 1990 година. Денес, тој се смета за едно од првите остварувања на таканаречениот „црн бран“ во југословенската кинематографија.[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се одвива во неименуван град за кого дури на крајот се открива дека е Нов Белград, а главните теми се отуѓувањето, меланхолијата и безнадежноста на младината.

Наводи

уреди