Ацо Гиревски

(Пренасочено од Гиревски Ацо)

Ацо Гиревски, протоереј-ставроофор е редовен професор и декан во три мандати на Православниот богословски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, истакнат православен свештеник, богослов, проповедник и мисионер.[1] Ги предава предметите вовед во теологијата, агиологија, омилитика, пастирско богословие и пастирска администрација.

Ацо Гиревски

Животопис

уреди

Роден е во Строиманци, Свети Николе 29 јануари 1955 година, како петто дете на Александар и Зорка. Пораснал и се школувал во Скопје. Богословија, Богословски факултет и докторски студии завршил во Скопје. Отецот Гиревски бил визитинг професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје (2008/2009) и го предавал предметот верски туризам за кој предмет изготвил учебник.

Ги објавил следниве дела:

  • Манастир Свети Јован Крстител - монографија, Капиштец, Скопје, 1992.
  • Негово Блаженство Архиепископ Гаврил, трет по ред на обновената Охридска Архиепископија, Матица Македонска, 1994.
  • Чист македонски збор и во нашите црковни проповеди, Матица македонска, Скопје, 1995.
  • Гаврил, Архиепископ Охридски и Македонски - споменица, МПЦ, Скопје, 1996.
  • Преводот на Македонската Библија, со посебен осврт врз мисијата на совремнената Црква, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Скопје, Менора, Скопје 2004 (докторски труд).
  • Манастир Свети Наум, Радишани - монографија, Менора, Скопје, 2006.
  • Првични соопштенија за книжевната остав¬штина на Кочо Рацин од професорот Ѓорги Милошев, Менора, Скопје, 2007.
  • Верски туризам, Менора, Скопје 2008 (учебник).
  • Пастирско богословие (лекции), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „Православен богословски факуклтет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, 2011 (учебник).
  • Парохиска администрација (учебно помагало), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „Православен богословски факуклтет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, 2011 (учебник).
  • Употребата на македонскиот јазик во Црквата, Менора Скопје 2012.
  • Историјата на Македонската Библија (двојазично на македонски и на англиски), Менора, 2013.
  • Православен богословски факултет (1977-2012), Монографија, ПБФ, Скопје, 2014.

Професорот д-р о. Гиревски има објавено стотина библиографски единици. Во библиографските единици, неговиот научен интерес го насочува кон областа на пастирско-омилитичкото богословие, употребата на македонскиот литературен јазик во црковната просвета и образованието, веронауката во образованието, историјата на МПЦ, улогата на македонскиот превод на Библијата во современата мисија на црквата, верскиот туризам и друго.

Живее во Скопје.

Наводи

уреди