Гвантанамера (марка на пури)
Гвантанамера (шпан. Guantanamera) е марка на кубански пури (Хабанос СА).
Историја
уредиМарката „Гвантанамера“ била лансирана во Дортмунд, Германија на 14 септември 2002 и се јавува на меѓународниот пазар во октомври истата година. Марката е именувана по песната Гвахира Гвантанамера (Селанка од Гвантанамо) на Хосе Фернандес Дијаз. За разлика од сите други кубански пури, тутунот за оваа марка доаѓа од регионот Вуелта Ариба, во средиштето на Куба, а не од Вуелта Абахо во провинцијата Пинар дел Рио.
Во марката се застапени само машински-изработени пури, и истата е позната по својата достапност во цените. Мешавината е блага со помалку остар/тинински аспект.
Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Гвантанамера со нивните димензии во англиски и метрички мерниединици и нивите vitolas de galera (фабрички имиња).
Машински-изработени витоли
- Cristal - 5 7/8" x 41 (150 x 16.27 mm) Cristal
- Compay - 4 7/8 x 40 (123 x 15.87 mm) Standard
- Décimo - 5 1/4" x 38 (134 x 15.08 mm) Universal
- Minuto - 4" x 44 (102 x 17.07 mm) Minuto
- Purito - 4 1/8 x 29 (106 x 11.51 mm) Chico
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на Хабанос С.А. (англиски) (шпански)
- Критики на пурите на Гвантанамера (англиски)