Гарач
Гарач — планина во средишна Црна Гора, со поглед на градот Даниловград од југозапад. Нејзиниот највисок врв Милунова Бобија е висок 1.436 метри. И покрај релативно малата височина, заради нејзиниот облик и испакнатост од околу 1400 метри, што се издига над долината на реката Зета и Бјелопавлиќи, го добила прекарот „Црногорски Килиманџаро“.[1]
Гарач | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1436 м |
Истакнатост | околу 1.400 м |
Координати | 42°33′07″N 19°01′44″E / 42.55194° СГШ; 19.02889° ИГД |
Географија | |
Место | Црна Гора |
Матичен венец | Динарски Алпи |
Изграден е од мермер, варовник и доломит, а неговите стрмни падини се подложни на ерозија. Јужните падини се покриени со шума, додека северните падини се претежно голи.[2]
Врвови
уредиПетте највисоки врвови на Гарач се:[1]
- Милунова Бобија 1.436 м
- Калуѓерова Бобија 1.423 м
- Шќепанова Бобија 1.375 м
- Вити Крш 1.361 м
- Уљаник 1.234 м