Галичички расковник

Галичички расковник
Охридски расковник
Laserpitium ochridanum
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Штитовидни
Семејство: Штитоцветни
Род: Расковници
Вид: L. ochridanum
Научен назив
Laserpitium ochridanum
Micevski

Галичички расковник или Охридски расковник (науч. Laserpitium ochridanum)[1] — локален македонски растителен ендемит кој може да се најде само на планината Галичица.[2] Во националниот парк Галичица овој расковник има висок приоритет на мониторинг.[3]


Опис

уреди

Стеблото исправено, мазно.

Листови

уреди

Листовите му се со ракавци, голи, разделени, сегментите просто или двојно пересто насечени. Ливчињата ланцетни, заострени.

Цвет

уреди

Цветовите му се бели, формираат чадорчиња со (14-)16-25 зраци, во основата со 6-3(-10)листови на инволуирумот, многу пократки од чадорчето . Инволуцелумот од 5-8 ливчиња.

Плод

уреди

Плодовите му се мазни, голи, 9-11 mm долги со крилца широки 1,5mm.[4]

Екологија

уреди

По варовнички камењари субаппскиот појас.[5]

Распространување

уреди

Локален ендемит:

  • Галичица: Стара Галичица (leg.K.Micevski) (MKNH);
  • Галичица: на вировнички каменар, 1770-1900m (leg.K.Micevski) (MKNH);
  • Галичица:Стара Галичица на варовнички камењар, 1900-1920m (leg.K.Micevski) (MKHN);
  • Галичица: Казан, на варовнички камењар. (leg.K.Micevski) (MKHN); [6]


Наводи

уреди
  1. Umbellifers: World Umbellifer Database
  2. Roskov Y., Kunze T., Orrell T., Abucay L., Paglinawan L., Culham A., Bailly N., Kirk P., Bourgoin T., Baillargeon G., Decock W., De Wever A., Didžiulis V. (ed) (2014). „Species 2000 & ITIS Catalogue of Life: 2014 Annual Checklist“. Species 2000: Reading, UK. Посетено на 26 May 2014.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  3. Јавна установа Национален парк Галичица; Нацрт измени на Планот за управување со Националниот парк Галичица за периодот 2011 – 2020. Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС)[мртва врска]
  4. Micevski, Годиш.Збор.Биол.Фак., 34:26-27 (1981)
  5. Micevski, Годиш.Збор.Биол.Фак., 34:26-27 (1981)
  6. Micevski, Годиш.Збор.Биол.Фак., 34:26-27 (1981)