Галачишка кула

средновековна кула во Галачишта, Касандриско, Егејска Македонија

Галачишка кула (грчки: Πύργος της Γαλάτιστας) — средновековна одбранбена кула на Халкидичкиот Полуостров, во центарот на гратчето Галачишта, Касандриско, Егејска Македонија. Кулата е изградена в XIII – XIV век во венецијански стил.

Галачишка кула
Πύργος της Γαλάτιστας
Поглед на кулата
Карта
МестоГалачишта, Касандриско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°28′02″N 23°16′50″E / 40.4672° СГШ; 23.2805° ИГД / 40.4672; 23.2805
Историја
ИзграденoXIII – XIV век
Белешки за наоѓалиштето
Состојбазачувана
Прогласено заспоменик на културата

Кулата во Галачишта личи на Врастенската кула, Светивасилската, Милутиновата во светогорскиот манастир „Хиландар“, Пиргудиската во метохот Пиргудија и на Хрељовата во Рилскиот манастир. Имала улога на утврдена стражарска кула, а можеби и како затвор. Испраќала пораки на полските села со светлосни сигнали на ридовите (тумбите) околу нив.

Кулата е моќна правоаголна градба изградена на рид. Изработена е од камен наречен „курана“. Од секоја страна има долг тесен процеп и мали прозорци. Внатре има дрвени скали кои водат до мали одаи со прозорци.[1][2]

Според едни извори, кулата ја изградиле самите Венецијанците, а според други, таа е од времето на династијата Палеолози. Во 1981 г. е прогласена за заштитен споменик на културата.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Αγροτουριστικό Δίκτυο Argo Net: www.agro-tour.net. O Πύργος της Γαλάτιστας[мртва врска]
  2. ww.galatista.gr. Ο βυζαντινός πύργος
  3. „ΥΑ ΥΠΠΕ/ΑΡΧ/Β1/Φ35/524/10/7-1-1981 - ΦΕΚ 51/Β/28-1-1981“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-07-24. Посетено на 5 ноември 2014.