Галактичка астрономија

Галактичка астрономија — изучувањето на Млечниот Пат и сета негова содржина. Се разликува од вонгалактичката астрономија, која изучува сè вон нашата галаксија, вклучувајќи други галаксии.

Млечниот Пат

Оваа дисциплина не се занимава со настанок и развој на галаксиите, каде општо се изучуваат галаксиите, нивниот настанок, структура, составни делови, динамика, замодејства и облици.

Млечниот Пат како наша домашна галаксија е најдобро проучената галаксија, иако важен дел од неа е скриен на видливи бранови должини од подрачја со вселенска прашина. Развојот на радиоастрономијата, инфрацрвената и подмилиметарската астрономија во XX век им овозможил на астрономите да добијат претстава за тоа каде сè се распоредени правот и гаоот во Млечниот Пат.

Полиња од интерес

уреди

Постојат разни теми во галактичката астрономија кои ја делат на разни полиња на истражување:[1]

  1. застапеност на хемиските елементи потешки од хелиумот
  2. испакнатината околу средиштето на Млечниот Пат
  3. средиштето на Млечниот Пат
  4. дискот на Млечниот Пат (рамнината на која лежат највеќето галактички тела)
  5. развојот на Млечниот Пат
  6. настанокот на Млечниот Пат
  7. основните параметри на Млечниот Пат (маса, големина итн.)
  8. збиените јата во Млечниот Пат
  9. големиот ореол околу Млечниот Пат
  10. кинематиката и динамиката — движењата на ѕвездите и ѕвездените јата
  11. јадро — подрачјето околу црната дупка во средиштето на Млечниот Пат (Стрелец A*)
  12. расеаните јата и здруженијата
  13. сончевото соседство
  14. ѕвездената содржина — бројот и видовите на ѕвезди во Млечниот Пат
  15. структурата на Млечниот Пат (спирални краци итн.)

Ѕвездени населенија

уреди

Меѓувездена средина

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Galactic Astronomy - Subcategories | The English knowledge database“. science-train.com (англиски). Архивирано од изворникот на 22 декември 2017. Посетено на 20 декември 2017.

Надворешни врски

уреди