Газебо – мал слободностоечки парковски и градинарски објект, вид на павилјон. Газебо е отворен од една, или од сите страни на осумаголна или кружна основа со купола. Обезбедува ладовина, заштита од врнежи и место за одмор и разговор (руски: беседка) остварувајќи украсни функции во пејзажот, а честопати претставува и видиковец. Поголем газебо во јавните паркови може да послужи како место за променаден оркестар.

Газебо: Вила Белини (Катанија), Варандепарк (Брисел), Шарм ел-Шеик, Калемегдан

Наводи

уреди

Литература

уреди

Alan Jay Christensen (2005): Dictionary of Landscape Architecture and Construction. The McGraw-Hill Companies, Inc

Надворешни врски

уреди