Газанско-египетска граница

Газанско-египетска граница — границата долга 12 километри (7,5 милји) помеѓу Појасот Газа и Египет со тампон зона долж границата долга околу 14 километри (8,7 милји).

Граничниот премин Рафа е единствениот премин меѓу Египет и Појасот Газа. Се наоѓа на меѓународната граница што беше потврдена со мировниот договор меѓу Египет и Израел од 1979 година. Преку граничниот премин Рафах се одвива само преминување на лица; како таква, границата Египет-Газа е отворена само за премин на луѓе, а не за стоки. Целиот товарен сообраќај мора да оди преку Израел, обично преку израелскиот граничен премин Керем Шалом на бариерата Газа-Израел.

Поздина

уреди

На 1 октомври 1906 година, отоманската и британската влада се договориле за границата помеѓу Палестина под отоманско владеење и Египет со британска власт, да биде од Таба до Рафа.[1] Иако по Првата светска војна Палестина исто така била под британска контрола, границата Египет-Палестина била задржана за да се контролирало движењето на локалните бедуини.[1] Од 1948 година, Газа била окупирана од независен Египет. Следствено, границата меѓу Појасот Газа и Египет била обична административна граница без гранична контрола. Во Шестдневната војна во 1967 година, Израел го освоил Синајскиот Полуостров и Појасот Газа од Египет, и повторно имал номинална гранична контрола.

Во 1979 година, Израел и Египет потпишале мировен договор со кој Синај, кој се граничи со Појасот Газа, го вратил под контрола на Египет. Како дел од тој договор, 100 метри широкиот појас, позната како патека Филаделфи, била воспоставена како тампон зона помеѓу Појасот Газа и Египет.[2] Во мировниот договор, повторно создадената граница Газа-Египет била повлечена преку градот Рафа. Кога Израел се повлекол од Синај во 1982 година, Рафа била поделена на египетски и палестински дел, раздвојувајќи ги семејствата, разделени со бариери од бодликава жица.[1][3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 "The Evolution of the Egypt-Israel Boundary: From Colonial Foundations to Peaceful Borders".   Pages 3, 9, 18. Nurit Kliot, Boundary and Territory Briefing, volume 1, number 8 (free full-text PDF). A partial preview of the paper is also available through Google Books.
  2. Shen, Nina (25 January 2008). „Gaza: The Basics. Some history and background on the Gaza Strip“. Slate.com.
  3. "Cinderella in Rafah". Al-Ahram, Issue No. 761, 22–28 September 2005