Габриел Касакија
Габриел Касакија Биболини (шпански: Gabriel Casaccia Bibolini, 20 април 1907 – 24 ноември 1980) била парагвајски писател. Тој се смета за татко на современата парагвајска книжевност. Неговиот сонародник Аугусто Роа Бастос, кој воедно е и уште еден парагвајски значаен книжевник, за Касакија изјавил дека „Габриел Касакија е основачот на современиот парагвајски расказ, кој дава, во добра смисла, фундаментален карактер на сите негови дела, и, на нивниот автор, невообичаена заслуга за основање на жанр во држава која книжевно била непозната“.
Габриел Касакија Биболини | |
---|---|
Роден/а | 20 април 1907 Асунсион, Парагвај |
Починат/а | ноември 24, 1980 Буенос Аирес, Аргентина | (возр. 73)
Занимање | писател |
Жанр | современ реализам |
Значајни дела | La Babosa, La Llaga |
Живот
уредиКасакија е роден во Асунсион во Парагвај. Тој бил син на Бенињо Касакија и Маргарита Биболини, и двајцата италијански имигранти во Парагвај.[1] Тој учел во Националниото колеџ во главниот град, едно од најпрестижните државни средни училишта во Парагвај. Касакија завршил правен факултет на Националниот универзитет во Асунсион.[2] Кога завршил студии, тој работел како новинар. Починал во Аргентина.
Дела
уредиКасакија е автор на седум романи, два кратки расказа и една драма.[1] Хронолошки, неговите дела се:
- „Марионети мажи и жени“ (Hombres y Mujeres Fantoches) -1930
- „Бандит“ (El Bandolero) - 1932
- „Гваху“ (El Guajhu) - 1938
- „Марио Пареда“ (Mario Pareda) - 1939
- „Бунар“ (El Pozo) - 1947
- „Полжав“ (La Babosa) - 1952
- „Рана“ (La Llaga) - 1963
- „Протераните“ (Los Exiliados) - 1966
- „Наследници“ (Los Herederos) - 1975
- „Фарми“ (Los Huertas) - 1981, објавена посмртно
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Portal Guarani - GABRIEL CASACCIA“. Portal Guarani (шпански). Посетено на 2015-11-26.
- ↑ Case, Thomas E. (1970-01-01). „Paraguay in the Novels of Gabriel Casaccia“. Journal of Interamerican Studies and World Affairs. 12 (1): 76–83. doi:10.2307/174845. JSTOR 174845.
Надворешни врски
уреди„Габриел Касакија“ на Ризницата ? |
- Ел Кабилдо Архивирано на 2 февруари 2020 г.
- Кратка биографија на Касакија