Вулсторп крај Колстерворт

Вулсторп крај Колстерворт (англ. Woolsthorpe-by-Colsterworth) е селце во парохијата Колстерворт во грофовијата Линколншир, Англија. Најпознато е како родно место на англискиот научен великан Исак Њутн.

Вулсторп Манор, родната куќа на Исак Њутн

Вулсторп крај Колстерворт се наоѓа 170 км северно од Лондон, а 1 км западно од магистралата А1 (Една од главните северно-јужни магистрали во Велика Британија. Автопатот минува крај местото, кое самото се развило крај Големиот Северен Пат (Great North Road). Селцето се наоѓа 3-4 км од границата со грофовијата Лестершир, а 6 км од границата со Ратленд.

Селцето сега се наоѓа во пријатна, прилично рурална средина, но сепак има подолга историја како место важно по стопанското рударство и каменоломство.

Вулсторп Манор, родната куќа на Исак Њутн, е типична јоуманнска куќа од XVIII век, изградена од варовен камен, со придружни сточарско-полјоделски објекти од подоцнежно време. Денес таа е во сопственост на Националната задолжбина и е отворена за јавноста.

Наводи

уреди
  • Ordnance Survey.
  • Geological Survey 1:50 000 Sheet 143.

Надворешни врски

уреди

52.8107°N -0.632°E / 52.8107° СГШ; 0.632° ЗГД / 52.8107; -0.632 Координати: Степени географска должина < 0 со означена полутопка
{{#coordinates:}}: неважечка гео. должина