Вукосава Марјановиќ Томиќ

Вукосава Марјановиќ Томиќ била српска хемичарка и првата жена од Србија која станала доктор на науки.[1]

Потекло

уреди

Семејството Марјановиќ потекнувало од Ниш, а се преселило во Белград околу 1770 година. Најпрвин живееле на Топчидер, а кога започнала изградбата на црквата и конаците во тој крај, се преселиле на територијата на Палилула.

Биографија

уреди

Родена била во Белград, на 23 јануари 1887 година. Нејзиното семејство живеело во Палилула, во близина на денешниот парк Тасмајдан. Имала три сестри и еден брат. По основното образование завршила женска гимназија, која била во ранг на гимназија. По смртта на родителите, по полнолетството, се здобила со дел од наследството кое го користела за да студира органска хемија на Природно-математичкиот факултет во Женева. Титулата доктор на науки ја стекнала во 1913 година.[2]

По одбраната на докторатот, веднаш се вратила во Белград, каде што работела во Државната хемиска лабораторија до почетокот на Првата светска војна во 1914 година. За време на војната таа го дала својот придонес правејќи лекови и преврзувајќи ги ранетите. Кога завршила војната, таа кратко време работела во Царинската лабораторија на Сава. Таму го запознала својот иден сопруг Душан Томиќ, првиот технолошки инженер, професор на Техничкиот факултет во Белград. По бракот во 1921 година решила да престане да работи и да му се посвети на семејството.[3] Својата одлука ја објаснува со тоа дека на вработената и било малку платено.

За време на Втората светска војна нивниот имот бил узурпиран од Германците, а по војната од комунистите. Со текот на времето, дел од имотот бил вратен на семејството, но никогаш во онаа мерка што бил пред војната. Душан бил приведен и пуштен на интервенција на еден од лекарите на Броз. Починал во 1947 година како резултат на казна затвор.[4] Таа била мажена за Душан и имале два сина.

Таа починала на 25 јуни 1979 година на мозочен удар.[5]

Наводи

уреди
  1. „Zaboravljene naučnice“. Kosmodrom. 8 март 2020.
  2. Serbia, RTS, Radio televizija Srbije, Radio Television of. „Заборављене научнице – Вукосава Марјановић Томић“. www.rts.rs.
  3. „Умрла је хемичарка Вукосава Марјановић Томић“. srpskilegat.rs. Фондација Српски Легат.
  4. Димитријевић, Милица. „Прва Српкиња доктор наука каријеру је подредила мужу и породици“. Politika Online.
  5. „ВУКОСАВА ТОМИЋ МАРЈАНОВИЋ - Прва Српкиња доктор наука“. Видовдан | Српска традиција и национални интерес (српски). 11 април 2021.