Втората Жикина династија

„Втората Жикина династија“ (српски: Друга Жикина династија) — филм на режисерот Зоран Чалиќ од 1986 година. Главните улоги ги играат: Драгомир Бојаниќ Гидра, Марко Тодоровиќ, Јелена Жигон, Никола Којо, Јелисавета Саблиќ, Петар Краљ, Велимир-Бата Живојиновиќ, Ружица Сокиќ, Никола Симиќ, Риалда Кадриќ, Весна Пеќанац, Милан Срдоч, Михајло Бата Паскаљевиќ и Владимир Петровиќ.[1]

Синопсис

уреди

Внукот на Жика ги открива убавините на половиот однос и наеднаш се наоѓа опкружен од повеќе жени кои со него го минуваат слободното време за време на паузата за топол оброк. За љубовните врски нему му е потребен празен стан, а дедо му Жика му го става на располагање својот. Така, внукот ги запоставува девојката и часовите по виолина. Меѓутоа, знаејќи дека во семејството имале некој дедо-манијак, Жика станува загрижен за својот внук.

Наводи

уреди