Исмаил Самани (врв)

(Пренасочено од Врв на Комунизмот)

Исмаил Самани (таџ. Қуллаи Исмоили Сомонӣ; рус. пик Исмаила Самани) е највисоката планина во Таџикистан и поранешниот Советски Сојуз. Наречена е по емирот Исмаил Самани (849-907), родоначалник на династијата Саманиди.

Врв Исмаил Самани
Қуллаи Исмоили Сомонӣ
Поглед на врвот Исмаил Самани
Највисока точка
Надм. вис.7495 м 
50-ти
Истакнатост3402 м 
54-ти
Заведена каконајвисок во земјата, ултра
Друго имеҚуллаи Исмоили Сомонӣ
Географија
Врв Исмаил Самани на карта

Карта

Матичен венецПамир
Искачување
Прво освојување9 септември 1933
СССР Евгениј Абалаков
Најлесен патискачување по карпи/снег/мраз

Кога во 1928 се утврдило дека во венецот Памир постои планина повисока од Лениновиот Врв, надлежните провизорно претпоставиле дека станува збор за Гармо. Со понатамошните експедиции на планините, во 1932 е востановено дека не станува збор за една иста планина, а во 1933 новиот врв во венецот Академија на Науките, бил наречен Сталинов Врв (пик Сталина), во чест на Јосиф Сталин. Во 1962, името е сменето во Врв на Комунизмот (таџ. Пики Коммунизм, рус. пик Коммунизма), а во 1998 е дадено сегашното име.

Планината прв ја искачил советскиот планинар Евгениј Абалаков, на 9 септември 1933 г.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Голема советска енциклопедија, „Пик Коммунизма“

Надворешни врски

уреди
  • „Пик Коммунизма“. SummitPost.org. (англиски)
  • „Пик Имени Исмаил Самани“ - Peakware (англиски)