Враќање на поетот (филм од 2005)

Враќање на поетот – ерменски документарен филм од 2005 година, во режија на Харутјан Хачатријан.

Содржина

уреди

Харутјан Хачатријан го избира Ашуг Џивани, поет од 19. век, за централна фигура на својот нов филм. Силата на овој поет лежи во неговата чиста мисла, филозофската перспектива, желбата беспрекорно да го завети следниот ден на генерациите и во идејата човекот да биде ослободен од сложеноста и формалноста. Авторот во исто време се спротивставува на културата, но и на самиот себе, со огромна доза на хумор и сарказам. Филмот претставува документарна студија за создавањето на споменикот на Џивани и транспортот на споменикот од Ереван, главниот град на Ерменија, до Џавак, родниот град на поетот. Оттаму, главен херој на филмот не е човекот, туку споменикот што патува. Патувањето како најсакана и најприродна средина на филмот и непредвидливоста на развивањето на филмскиот заплет се основните принципи на режисерскиот концепт што го прави филмот свеж и низ сето тоа се раѓа драмската композиција.[1]

Наводи

уреди