Во Солуна грош сомуна

„Во Солуна грош сомуна“ — збирка поезија за деца на македонскиот писател Видое Подгорец.

Во Солуна грош сомуна
АвторВидое Подгорец
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрпоезија
ИздавачДетска радост
Издадена
1981
Медиумпечатено издание

Содржина

уреди

Збирката содржи песни за деца кои се поделени на песни со различна тематика и претставуваат посебни целини. :[1]

  • Априлски каламбури е првата целина составена од 20 песни
  • Зимски песни има 14 песни
  • Миризливо венче содржи 12 песни
  • Лето во Колешино - 17 песни посветени на родното село
  • Во Солуна грош сомуна има 3 песни меѓу кои и насловната
  • Последниот дел е Африкански стихови со мотиви од далечна Африка

Изданија

уреди

Во 1981 година, книгата била објавена како издание на издавачкото претпријатие „Детска радост“ во Библиотека Сончогледи: 40. Книгата е со димензии од 20 сантиметри и има 134 страници. Нацртот на корицата и илустрациите е дело на Владо Јоциќ. Книгата е испечатена во НИП „Нова Македонија“ во Скопје со тираж од 2000 примероци. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ во Скопје.

Осврт кон делото

уреди

Почнувајќи од првата целина до последната, збирката оддишува со својствената топлина и непосредност на авторот кај кој и животните и растенијата се раскажувачи на приказни и разни згоди.

Од првата целина се издвојува насловната Априлски каламбури каде децата со радост го чекаат првоаприлскиот џагор и смеа. Тука не завршуваат каламбурите со кои авторот ги забавува и наградува своите читатели, Љубопитна песна е, исто така, песна со безброј прашања, на кои одговор да даде треба самиот читател на стиховите. Тука е сместена и Песната за Кина, каде се опишува сликата на Кина во блокот на малата Нина.

Во втората целина Зимски песни покрај пејсажната Зима, следуваат песни за разните животинки во шумата, мотиви кои неизбежно се провлекуваат низ поезијата на авторот.

Миризливо венче е трета целина во која секоја песна е различен цвет: Хризантема, Бели ради, Јаглика, Јоргован...

Четвртиот дел, Лето во Колешино, се кратки етиди со летни слики од родното село, Гугутката гука, Чучурлига, Штурци, Биволи, Суша, Жежепече, во сите оддишува летната жега.

Најкратката целина е насловната Во Солуна грош сомуна со само 3 песни.Тука е сместена песната Во Солуна -грош сомуна, до Солуна - сто сомуна и претставувахумористична песна за анегдотската изрека. Во истиот стил се и Од цела војна меѓу квачките- само кајгана за пците и мачките и Пијан дедо. Хумористичниот пристап во овие песни- анегдоти го одржуваат вниманието на читателот и побудуваат смеа.

Африкански стихови- последната целина е целосно посветена на далечната Африка и тука младиот читател добива слика за масајските обичаи, за ловците на робови и африканската историја, а и за животните и луѓето на црниот континент.

Наводи

уреди
  1. Во Солуна грош сомуна, Видое Подгорец, 1981,„Детска радост“, Скопје (Библиотека Сончогледи: 40)