Волшебното самарче
„Волшебното самарче“ — роман за деца на македонскиот писател Ванчо Николески.
Содржина
уредиРоманот се состои од 25 глави:[1]
- Селото Мацково
- Необично познанство
- На студеното горско изворче
- Малото дрварче
- Волшебното самарче
- Крај родното огниште
- Неочекувано познанство
- Господска вечера
- Првата акција
- Стариот познајник
- Несакана средба на мостот
- Зелените шатори
- Подземна скривница
- Непожелни гости во Мацково
- Двајца чудни овчари
- Камбаната бие...
- Една ноќ во скршената воденица
- Солзи над родното огниште
- Партизанско оро
- Малото млекарче
- На друмот кај селското анче
- Ноќните огнови и невидливите птици
- Шарената горска полјанка
- Смртоносната тројка
- Проштевање
Изданија
уредиВо 1998 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Детска радост“, како дел од книгата „Мице, Волшебното самарче“. Книгата, со обем од 152 страници и со димензии од 20 сантиметри, била испечатена во НИП „Нова Македонија“, РЕ Печатница. Автор на илустрациите, на дизајнот и на ликовно-графичкото уредување е Димче Исаиловски, а лектурата и коректурата ги направила Кате Ноневска. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-419-Х.[2]