Волкашин и Марко — македонска епска (јуначка) песна за Крале Марко.

Содржина

уреди

Волкашин и Марко ја граделе црквата, посветена на архангел Михаил, над кулите во Варош. По девет години работа, кога црквата била завршена, на вратата се насликал Волкашин, а од завист, Крале Марко се насликал одлево. На осветувањето на манастирот, Волкашин и Марко го поканиле патријархот од Охрид, заедно со бројни попови, како и кралеви и обични луѓе. Гостите јаделе и пиеле три дена и три ноќи при што кралевите започнале да се фалат со своите јунаштва. Кога ги слушнал, Крале Марко не издржал и се пофалил дека е поголем јунак од татко му. Тогаш, Волкашин се налутил, ја извадил сабјата и почнал да го брка Крале Марко со намера да го убие. Сепак, Крале Марко не му се спротивставил, туку почнал да бега околу црквата и најпосле, се скрил внатре во неа. Лутиот Волкашин замавнал со сабјата и од вратата на црквата потекла крв. Тогаш, се појавил ангел и му кажал на Волкашин дека не ја удрил вратата, туку го ранил архангел Михаил во ногата. Поради гревот што го направил, ангелот го проколнал Волкашин да не види среќа, да му се распаднат кулите и манастирот здрав да не остане.[1]

Наводи

уреди
  1. Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале, Култура, Скопје, 1967, стр. 13-15.