Воена академија (1 сезона)

Првата сезона на телевизиската серија Воена академија била премиерно прикажана на Радио-телевизија Србија во периодот од 28 јануари до 12 мај 2012 година.

Воена академија
Серија Воена академија
Држава Србија
Мрежа РТС
Премиерно прикажување 28 јануари12 мај 2012
Број на епизоди 16
Следна сезона 2

Синопсис

уреди

Приказната следи неколку лични судбини на кадети, од првата добра вест дека се примени да студираат на Воената академија, преку судирот со реалноста на воениот живот, до воспоставувањето рамнотежа меѓу трудот и љубовта на нивните млади животи.

Улоги

уреди

Главни

уреди

Епизодни

уреди

Епизоди

уреди
Бр. на еп.

(вкупно)

Бр. на еп.

(во сезона)

Наслов Режисер Сценарист Премиера
1 1 Епизора 1.1 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 28 јануари 2012 год.
Се известуваат матурантите дека се примени да студираат на Воената академија. Главните ликови се неколку идни кадети и кадетки чиј живот наеднаш се менува со оваа, за повеќето од нив, добра вест. Има и нивни родители, од различни општествени средини и од различни делови на Србија, кои различно реагираат на професионалниот избор на нивните деца - од гротескно восхитување до тивко незадоволство, во зависност од многуте клишеа и предрасуди наследени од претходните времиња. Сите доаѓаат, вака или онака придружувани и се јавуваат на портирницата на Воената академија. Влегуваат низ вратата, трогателно и духовито претставени, за да го започнат својот непознат нов живот внатре.
2 2 Епизода 1.2 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 4 февруари 2012 год.
Првото утро на Воената академија секој од нив преживува на свој начин, а сите заедно оставаат траги од своето детство зад себе. Строгоста на амбиентот и тежината на обврските ги менуваат за еден ден. Будење, миење, местење кревет со познатиот беспрекорен „лак“, позајмување опрема, постројување, средба со старешини, фотографирање за документи, први заеднички оброци, расчистување на шумата, дури и навестувања за првите симпатии - сето тоа стои во еден многу долг кадетски ден. Следува средба со родителите кои се собраа да ги видат во униформи и да ги поздрават. Ќе има многу изненадувања и неочекувани пресврти, како за родителите, така и за кадетите.
3 3 Епизода 1.3 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 11 февруари 2012 год.
Кадетите и кадетките одат на обука во Ваљево. Патем, некои од нив прават одредени прекршоци, поради што мора да дадат изјави пред командирите. Ликовите стануваат се појасно препознатливи, има нови зближувања меѓу кадетите и кадетките, а одредени караници се претвораат во отворен дуел меѓу Рис и Стошиќ. По тој повод се појавува привлечната докторка со интересно презиме. Клисура упатува трогателна молба, која ќе ги изненади сите старешини. Шашвари е девојката која најмногу реагира на неговиот специфичен хумор. Круна на приказната е заклетвата што ја даваат кадетите на крајот од напорните обуки, маршеви и пукања.
4 4 Епизода 1.4 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 18 февруари 2012
По „журката“ следува мало опуштање. Проблематичниот Стошиќ го наоѓаат таму каде што никогаш не треба да биде. За тоа време пред собата на психологот се формираат редови кадети, што ќе ги заинтересира старешините. Озлогласениот професор по математика Вилотиќ изгледа како да ужива да ги понижува студентите. Неговата прва жртва е Зимче, но некој ќе и понуди помош. Учењето не ги спречува да ја вежбаат претставата „Ромео и Јулија“, која ќе биде причина за многу хумористични ситуации. Надица со својот шарм и убавото брборење сè повеќе му влегува под кожа на Џаковиќ, кој во меѓувреме оди на психолог поради некои свои тајни планови. Кога го пуштаат на викенд, дома го дочекува незадоволниот татко Десимир.
5 5 Епизода 1.5 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 25 февруари 2012 год.
По враќањето на академијата од отсуство, Џаковиќ и Надица почнуваат со подготовките за претставата „која значи живот“ - „Ромео и Јулија“. Зимче сè уште минува низ математичката агонија.
6 6 Епизода 1.6 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 3 март 2012 год.
Се ближи крајот на учебната година. Некои ги положија сите испити, а некои се блиску до губење на една година, што значи и губење и на пријателите и на своите соништа. Агонијата на Зимче со математиката продолжува. Рис е преокупиран со други грижи, па не може да и помогне, но затоа постои мистериозен кадет кој може се. Лела, поранешната девојка на Рис, повторно влегува во неговиот живот, на многу невесел начин што воведува нов лик во приказната, проблематичниот Лаки. Згодниот психолог заклучува дека Џаковиќ треба да ја напушти академијата поради неговиот ментален статус изразен преку различни тестови. Но, сега тој, кој направи се за да биде таков исходот, никако не сака да си замине. Наместо тоа, тој го игра Ромео во претставата „која значи живот“. Стошиќ ја посетува мајка си во нејзиниот новоотворен спа центар и од неа ги дознава новостите.
7 7 Епизода 1.7 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 10 март 2012 год.
Крајот на учебната година е тука. Кадетите слават, едни затоа што ги положиле сите испити, а други затоа што го дале познатиот студентск „услов“. Само Зимче се пакува. Нема кој да ја испрати, освен нејзината најдобра пријателка Шашвари. Кон крајот на годината се подготвува неизбежната претстава во која ќе блесне среќниот пар - Ромео и Јулија. Тие одат кај симпатичниот професор Зековиќ кој ја сака поезијата, со надеж дека таа ќе им помогне да ги остварат нивните желби. Рис го носи Лаки, братот на неговиот мртов пријател, кај Мраз за да го подготви за приемниот испит на Воената академија. Лаки не верува во себе и нема некој кој би поверувал во него, освен Рис. „Опакиот“ Стошиќ ќе го покаже и своето друго лице. Ќе и се извини на Тања, девојката што ја повреди една вечер. Се менува и неговиот однос кон татко му. За прв пат почувствува дека за тоа е потребна неговата поддршка. Рокса излегува со поручникот Васке. Ја чека големо разочарување кое ќе ја замати нејзината радост, срамежливо зачната во неа. Сепак, во далечината ги чекааѕ Пасуљанските ливади.
8 8 Епизода 1.8 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 17 март 2012 год.
Кадетите конечно пристигнауваат во Пасуљанските ливади. Ги очекуваат многу возбудливи искуства. Саша добива специјална задача за која дорасната и повеќе отколку што е потребно. Командантот Васке се грижи за неговиот вод, но сепак се јавува проблем. Во меѓувреме, следната генерација, вклучително и Лаки, полага приемен испит за пилоти. Рис решава да посети некого по обуката. На Академијата, пак, го дочекува шокантна средба. На повидок е интригантна ситуација во форма на вечен „љубовен триаголник“.
9 9 Епизода 1.9 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 24 март 2012 год
За младите кадети започнуба втората година од студирањето на Академијата. Сепак, некои повторно се „гуштери“ и се навикнуваат на новото друштво. А во новата класа се Лаки, кој благодарение на Риса успешно го поминува приемот, но и поранешната девојка на Рис, Лела, која случајно дели соба со Зимче. Никој сè уште не знае ништо за мотивите на Лела тајно да се запише на Академијата, но на заљубениот пар Зимче и Рис тоа воопшто нема да им се допадне. Другиот пар кој со симпатии го следиме, Надица и Џале, се соочуваат со нерешлив проблем од кој ќе зависи судбината на нивната врска. Трета кадетска љубов е на повидок. Додека Клисура сè уште се грижи за своето проблематично семејство, Саша е секогаш со него за да го поддржи. Комичната симпатија што готвачката Шеки ја чувствува кон капетанот Жарач ќе доживее ново искушение.
10 10 Епизода 1.10 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 31 март 2012 год.
Лела и Рис се борат против духовите од минатото. Тие сè уште се заедно во тоа. Зимче чувствува дека нешто се случува со Рис, а Стошиќ се обидува да ја импресионира Лела. Капетанот Жарач повторно дежура во кујната. Готвачката Шеки, со сесрдна помош на Буразер, ќе ја покани на вечера во неговиот дом. Сепак, на патот кон нивното зближување ќе има сериозна препрека. Самиот капетан Кашанин ќе ја почувствува фаталната привлечност на психолоотг од кадетските соништа. „Ромео“ Џаковиќ ќе ја запроси својата сакана Надица - Јулија кога таа најмалку се надева. Мајката на Стошиќ има лош период во животот, синот може првпат да и покаже дека знае да биде со неа кога треба. Додека градот ја живее својата ноќ, мајката заспала на рамото на својот незабележливо пораснат син.
11 11 Епизода 1.11 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 7 април 2012 год
Лела и Зимче почнуваат да се однесуваат како ривали, сè поотворено стремејќи се кон конфликт. Во меѓувреме, Рис сам се бори против „духовите од минатото“. Проблематичниот познаник Црни е пуштен од затвор и ќе се појави во собата за посета на кадети. Капетанот Жарач и прекрасната готвачка Шеки ќе се обидат да го надминат недоразбирањето што ги разделило уште пред да се зближат. Кон истата цел ќе допливаат капитенот Кашанин и волшебниот психолог Весна. „Ромео“ Живојин Џаковиќ и неговата сакана „Јулија“ Надица одат во машката соба, која некој нема да ја пропушти. Кадетот Биса мупомага на Лаки да се справи со стравот од сопствените граници.
12 12 Епизода 1.12 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 14 април 2012 год.
Црни е ослободен од затвор каде што е сместен пред пет години од менторот на Рис и најдобар пријател Мраз. Тој копнее да му се одмазди, а за да го направи тоа треба да го најде. Очекува помош од Рис. Капетанот Жарач и Шеки ќе имаат можност да го повторат своето неуспешно рандеву. И капетанот Кашанин и шармантниот психолог Весна продолжуваат да се гледаат, но засега само во касарната. Младата кадетка Биса Томиќ и Лаки ќе го предизвикаат озлогласениот капитен Ковачевиќ да побара од нив „да се надминат себеси“. Со поддршка од своите пријатели тоа ќе го постигнат. Ѓаковиќ ја посетува мајка си во болница. Целата е со модринки, а извршителот на насилството е авторитарен татко. На гости кај синот доаѓа и мајката на Клисура, Милијарда со многу непријатни вести. За тоа време Лела го повикува Стошиќ да излезе, што тој со задоволство го прифаќа, но тоа задоволство набрзо ќе се претвори во непријатно знаење.
13 13 Епизода 1.13 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 21 април 2012 год
Рис и Зимче никогаш не успеваат да си објаснат што навистина им се случува. Така се оддалечуваат се подалеку, што на Лела и отвора простор да се надева. Нејзините емоции кон Рис очигледно не се само минато. Стошиќ, кој навистина првпат во животот почнува да се врзува со некого, полека навлегува во овој љубовен триаголник полн со детски недоумици и младешки страсти. Капетанот Жарач и Шеки разбираат дека се еден за друг, но пред нив е наизглед нерешлив проблем. Се чини дека Лаки ќе ја повтори математичката судбина на Зимче и на злобниот професор Вилотиќ, кој сурово ги уништува надежите на многу кадети. Ѓаковиќ бара отсуство поради семејни проблеми. Тажна вест се приближува до Клисура.
14 14 Епизода 1.14 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 28 април 2012 год.
Сите ќе се најдат во трагедијата што го снајдоѓа Мирко Клисура - не само Шашвари и другите кадети, туку и целиот старешински кадар. Стошиќ покажува дека е многу поемотивен отколку што е прикажан, а Рис и Зимче ќе уловат момент во тажниот час кога повторно ќе се зближат. Сепак, на Лела сè уште не и е јасно дека минатото е зад неа. Таа го повикува Рис во својата куќа и се обидува да го потсети на среќните заеднички денови. Откриена е тајната на озлогласениот професор Вилотиќ кој многумина ги завил во црно. Станал суров и решил да предава на Математичкиот факултет, а не на Воената академија, кога изгубил некој што му бил се. Зимче ќе ја стекне неговата наклонетост, која и е очајно потребна.
15 15 Епизода 1.15 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 5 мај 2012 год.
Клисурата ја добива неопходната поддршка од сите, а најмногу од својата Шашвари. Ќе го запознае со родителите и со нејзините пријателите од младоста. Стошиќ ќе се обиде да им помогне и на Клисура и на неговото семејство преку моќниот татко. Неговата љубов кон Лела толку многу се менува што тој дури и отворено ќе и изјави љубов. Капетанот Жарач ќе биде уште поотворен кога ќе ја запроси Шеки сред трпезарија полна со кадети. Надица и Џаковиќ се во затегнати односи; таа ќе го скрие од него застрашувачкото знаење за нејзиното здравје. Професорот Вилотиќ продолжува да ги води кадетите во пропаст. Овој пат еден кадет ќе заврши во затвор, а Лаки исто така ќе биде на пат кон смртта. За Лела демне сосема друга опасност.
16 16 Епизода 1.16 Дејан Зечевиќ Гордан Михиќ 12 мај 2012 год
Некои прашања ќе останат отворени, но ќе се одредат многу судбини. Зимче и Рис конечно ќе ја постигнат својата хармонија, по возбудливите настани што следат. Има повеќе апсења, сообраќајна несреќа со неизвесен исход, една тешка операција и многу други убави и грди работи. Еден од настаните со среќен исход е преселбата на семејството на Клисура во викендицата на мајката на Стошиќ, во која учествуваат сите кадети. Секој помага колку што може.

Забелешка

уреди
  • За време на досегашното емитување на серијата, името на самата епизода не било наведено на почетокот на секоја епизода.

Надворешни врски

уреди