„Воената кочија“ (англиски: The war wagon) — американски филм од 1967 година, во режија на Берт Кенеди (Burt Kennedy), според сценариото на Клер Хафекер (Clair Huffaker), засновано на романот „Лошиот човек“ (Badman). Главните улоги ги играат: Џон Вејн (John Wayne), Кирк Даглас (Kirk Douglas), Хауард Кил (Howard Keel), Robert Walker, Кинан Вин (Keenan Wynn), Брус Кебот (Bruce Cabot), Џоана Барнс (Joanna Barnes) и Валора Ноланд (Valora Noland). Филмот, кој претставува смеса од акција, драма и комедија, се одликува со непретенциозна приказна, со виртуозно режирани акциски секвенци и со одличната глума на Даглас и на Вејн чии духовити реплики делуваат мошен забавно. Музиката е дело на прославениот Димитри Тјомкин (Dimitri Tiomkin), директор на фотографијата е Вилијам Х. Клотиер (William H. Clothier), а монтажата е дело на Хари В. Герстад (Harry W. Gerstad) Песната на Тјомкин, „Балада за воената кочија“ (Ballad of the War Wagon) ја изведува Ед Ејмс (Ed Ames).[1]

Синопсис

уреди

По тригосишен престој в затвор, То Џексон (го игра Вејн) е пуштен на слобода. Него го затворил Френк Пирс (го игра Кебот), кој со измама му ги зел ранчот и рудникот на злато, а покрај тоа, се обидел и да го убие, изнајмувајќи го убиецот Ломакс (го игра Даглас). Џексон се здружува токму со Ломакс со намера заедно да му го украдат златото на Пирс...

Наводи

уреди