Влколинецсело под управа на општината (и гратче) Ружомберок во Словачка. Историски гледано, тоа било засебно село. Првото писмено споменување на селото било од 1376 година и по 1882 година кога станало дел од Ружомберок. Неговото име најверојатно потекнува од словачкиот збор „влк“, односно волк.

Влколинец
Село
Улица во Влколинец
Улица во Влколинец
ДржаваСловачка
КрајЖилински крај
ОкругРужомберок
ОпштинаРужомберок
Површина
 • Вкупна7,97 км2 (308 ми2)
Надм. вис.&10000000000000718000000718 м
Население
 • Вкупно13
 • Густина0,016/км2 (0,042/ми2)
Мреж. местоwww.vlkolinec.sk
Светско наследство на УНЕСКО
Службен називВлколинец
Критериумiv, v
Навод622
Запис1993 (XVII заседание)

Влколинец било ставено на списокот на Светско наследство на УНЕСКО од 1993 година и е едно од десетте словачки села на кои им е даден статус на резервации за народна архитектура. Овој статус бил даден затоа што селото е недопрено и сложен пример за народна селска архитектура во регионот на Северните Карпати.

Влколинец, сместено во средината на Словачка, е неверојатно недопрена населба со традиционалните одлики на средноевропско село. Тоа е најцелосната група во регионот на вакви традиционални куќички од трупци, кои често се наоѓаат во планинските области. Селото се состои од повеќе од 45 куќички од трупци, секоја од нив е составена од две или три соби. Зачувана е и дрвена камбанарија од 18 век, како и барокната капела.[1] Куќите број 16 и 17 биле претворени во фолкролен музеј со сите алати на секојдневниот живот и работа.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Centre, UNESCO World Heritage. „Vlkolínec“. UNESCO World Heritage Centre (англиски). Посетено на 23 March 2021.   Text was copied from this source, which is available under a Creative Commons Attribution 3.0 IGO (CC BY 3.0 IGO) license.

Надворешни врски

уреди