Вија Портуензис
Вија Портуензис (латински: Via Portuensis, во превод: Портуски пат) ― античкоримски пат, кој водел до Портус изграден од Клавдиј на десниот брег на Тибар, на неговото устие. Почна од Емилијовиот мост, а првиот дел од неговиот тек е идентичен со оној на Виjа Кампана. Портуската порта на Аврелијановите ѕидови имала двоен лак, веројатно поради обемот на сообраќај што требало да го носи, но пренасочувањето се случило многу понатаму, веројатно на 1,5 км од портата. Вија Портуензис одела надесно во ридската земја, додека Вија Кампана се држела до долината на Тибар. Патиштата повторно се спојувале кај денешната Понте Галерија.
Со растот на важноста на Вија Портуензис од времето на Константин наваму, онаа на Вија Остиензис соодветно се намалила. Прокопиј, кој опишува како шлепите биле влечени по реката од волови што се движеле по неа, мора да ја опишува патеката за влечење, а не ниту Вија Портуензис, па дури и Вија Кампана, која на многу места е на прилично значително растојание од кривинскиот тек на реката.
Неговиот голем сообраќај предизвикал патот на крајот да биде преизграден со два напоредни патишта: едниот за сообраќај во една насока, а другиот за сообраќај од друга страна. Се смета дека бил првиот двоен коловоз во светот.
Денес, патот во Рим, наречен Вија Портуенсе (Via Portuense) следи сличен тек. Патот започнува денес од Порта Портезе и, по Понте Галерија, завршува во комуната Фjумичино.