Винер - Виена Иншуренс Груп
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Винер - Виена Иншуренс Груп АД Скопје е осигурителна компанија која работи во областа на неживотното осигурување во Македонија.
Вид | Акционерско друштво осигурителна компанија |
---|---|
Дејност | Финансии и осигурување |
Основано | 2008 |
Седиште | Скопје |
Клучни личности | д-р Зоран Нарашанов (генерален директор) |
Производи | Осигурување |
Вработени | 220 (2017) |
Мреж. место | [1] |
Историја
уредиПочетоци на компанијата: 2007 - 2009 година
уредиВинер - Виена Иншуренс Груп АД Скопје настанува на темелите на осигурителната компанија Сигма АД Скопје, која во втората половина на 2007 година влегува во стратешко партнерство со финансиската корпорација TBIH, која е во доминантна сопственост на Wiener Stadtische. Ова резултира со комплетна промена на менаџментот на компанијата на почетокот на 2008 година, со што започнува целосна структурна реорганизација насочена кон подобрување на сите сегменти на компанијата.[2]
Со новиот менаџмент компанијата брзо успева да покаже евидентен деловен потенцијал и да создаде значаен профит, уште во истата година кога се случува реорганизацијата. Прогресот продолжува и во следната, 2009 година, што не поминува незабележано и во мај месец таа година реномираната австриска осигурителна корпорација Wiener Stadtische Versicherung AG Vienna купува 100% од акциите на компанијата.Со тоа Друштвото станува дел од моќната осигурителна групација – Виена Иншурeнс Груп, која е доминантна осигурителна групација во Средна и Источна Европа. Истовремено со промените во сопственичката структура се случува и целосно ребрендирање на Друштвото, кое го добива новото име – Винер - Виена иншуренс Груп.[3]
Години на динамичен развој: 2010 - 2014
уредиВинер ја завршува деловната 2010 со полисирана премија од 376 милиони денари, додека во 2011 забележува голем раст, завршувајќи ја годината со 530 милиони денари. Растот на полисираната премија на компанијата продолжува и во 2012 година која Винер - Виена Иншуренс Груп ја завршува со дотогаш рекордни 629 милиони денари, истовремено остварувајќи раст на профитот за 60%. Покрај тоа компанијата истата година забележува убедливо најмал процент на нерешени штети, тренд што продолжува и наредните години. Континуираниот и стабилен раст на Винер продолжува и во 2013 година, во која со 675 милиони денари е надминато рекордното остварување од претходната година, додека 2014 година Винер ја завршува со рекордна премија од над 700 милиони денари.[4][5][6][7][8]
Ширење на продажната мрежа и човечките ресурси: 2015 - 2016
уредиСледните две години во работењето на компанијата ги обележува развојот на продажната мрежа која е зголемена повеќекратно во однос на почетоците на компанијата и достигнува над 80 продажни места, додека истовремено и бројот на вработени во компанијата се зголемува и го достигнува бројот од над 220 вработени.[9]
Во 2016 година, Винер - Виена Иншуренс Груп ја забележува најуспешната година во својата историја, остварувајќи рекордна премија од 800 милиони денари.[10]
Менаџмент на компанијата
уредиГенерален Директор и Претседател на Управниот одбор на Винер - Виена Иншуренс Груп е д-р Зоран Нарашанов, кој трет мандат по ред е на чело на компанијата. Останати членови на Управниот одбор на компанијата се м-р Дејан Михајлов и г-дин Насер Зенку.[11]
Продажна мрежа
уредиВинер - Виена Иншуренс Груп има продажни места во 28 градови во Република Македонија. Дирекцијата на компанијата се наоѓа во Скопје, Кисела Вода.