Винарија Зорча
Винарија Зорча | |
Основачи: | Мирјана и Зоран Јовановиќ |
Основана: | 2008 |
Седиште: | Обршински пат бб, Петка Лазаревац Србија |
Винаријата Зорча е семејна винарија во населбата Петка, кај Лазаревац, каде што се наоѓа лозје и винарската куќа Зора.[1]
Во 2008 година со купувањето на имотот под ридот Човка, познат по битките за време на војната кај Колубара, почна да се формира лозје, а со тек на време винарија со винарска куќа, која покрај визбата и просторијата за дегустација, има и голема овална тераса со поглед на Лазаревац и кон околината која се завршува во Фрушка Гора, Авала, Космај и го следи текот на Колубара .
Произведените вина се висококвалитетни црвени вина од сортите Мерло и Каберне Совињон, како и бело вино Траминак и Шардоне . На љубителите на ракијата им се нуди класичната лоза и лозата барик.
Наводи
уреди- ↑ „Винарија Зорча“. ТО Лазаревац. Посетено на 15 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- „Zorča: Ideja zvana četiri etikete“. Vino. Посетено на 15 ноември 2019.
- „ZELENI GRAD: BEŽAO OD VINOGRADA, A U NJEMU NAŠAO NEVEROVATNU PORODIČNU SPONU! Pradedina sudbina kumovala vinima vinarije Zorča! (VIDEO)“. Kurir. Посетено на 15 ноември 2019.