Вилкинсов Проток
Вилкинсов Проток (англиски: Wilkins Sound) — проток на Антарктикот, претежно зафатен од ледена плоча. Се наоѓа на југозападната страна на Антарктичкиот Полуостров, помеѓу вдлабнатиот западен брег на Александровиот Остров и бреговите на островите Шарко и Латади поназапад.
Wilkins Sound | |
---|---|
Повлекувањето на Вилкинсовата Ледена Плоча од 1947 до 2009 г. | |
Географија | |
Место | Антарктик |
Држава | |
Антарктик | |
Под управа согласно Антарктичкиот договор |
Вилкинсова Ледена Плоча е квадратна ледена плоча со димензии од 150 × 110 км. This feature occupies the central part of Вилкинсовиот Проток, по кој а наречен. Името е дадено по предлог на британскиот антарктички комитет (UK-APC) во 1971 г.
Историја
уредиСеверниот дел на протокот е првпат забележан и грубо картиран во 1910 г. од Француската антарктичка експедиција под водство на Жан-Батист Шарко и набљудуван од воздух во 1929 г. од австралискиот истражувач Хјуберт Вилкинс. Поставеноста и обликот на протокот се утврдени во 1940 г. на истражувачките летови на Антарктичката служба на САД. Службата го нарекла по Хјуберт Вилкинс, кој во 1929 г. прв докажал дека дотогашната „Шаркоова Земја“ е остров, и така посредно го открил протокот. Постоењето на островот Латади од јужната страна на протокот е утврдено во 1960 г. од британскиот земјомер Д.Џ.Х. Серл со внимателно разгледување на воздушните снимки направени од Ронеовата антарктичка истражувачка експедиција во 1947-48 г.
На 5 април 2009 г. дошло до раскршување на тенкиот леден мост од антарктичкиот брег до Вилкинсовата Ледена Плоча, и научниците сметаат дека ова може да доведе до уривање на целата плоча. Според некои известувања, плочата се раскршила на стотици мали санти. Британскиот научник Дејвид Вон смета дека ова се должи на глобалното затоплување.[1]
Поврзано
уредиИзвори
уреди- Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Вилкинсов Проток“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)
Наводи
уреди- ↑ „Antarctic ice bridge splits“. BBC News. 5 април 2009. Посетено на 6 април 2009.
Надворешни врски
уреди- Вилкинсов Проток на Ризницата ?