Вилијам Е. Корбин (1869-1951) ― пронаоѓач на хартиените крпи Ниброк и градоначалник на градот Берлин, Њу Хемпшир (1931-1932).

Вилијам Е. Корбин
Роден(а)1869
Чарлстаун, Њу Хемпшир, Соединети Држави
Починал(а)13 октомври 1951(1951-10-13) (возр. 81–82)
Берлин, Њу Хемпшир, Соединети Држави
ЗанимањеИзумител, надзорник во Riverside и Cascade Mill
СопружникМери Ричардсон
Деца1 ќерка

Ран живот и кариера

уреди

Вилијам Е. Корбин бил роден во 1869 година во Чарлстаун, Њу Хемпшир во семејството на Семјуел и Мери Корбин.[1] Како дете, Корбин работел на фарма во Чарлстаун, Њу Хемпшир. Кратко време Корбин работел во владината фабрика Чејни во Манчестер. Подоцна се преселил во Берлин, Њу Хемпшир, на 27 мај 1892 година, каде што бил вработен во мелницата т.н. Riverside Mill во сопственост на Brown Company. Во 1894 година, тој станал надзорник на оваа мелница. Во 1904 година, Brown Company ја изградила т.н. Cascade Mill на границата меѓу Берлин и Горам. Корбин станал првиот началник на оваа нова мелница. Заедно со тоа што бил надзорник на Cascade Mill, Корбин станал директор во Берлинската национална банка во 1906 година, а во 1913 година станал претседател на оваа банка. Во 1931 година, Корбин станал градоначалник на градот Берлин, служејќи се до 1932 година.

Бришачи Ниброк

уреди

Во 1919 година, г-дин Корбин, заедно со Харолд Титус и Хенри Чејс, првиот хемичар на Cascade Mill, почнле да вршат опити во зградата за истражување и развој за да ги подобрат проблемите на производството на хартија, за да ги вклучат хартиените бришачи Ниброк (изворно: Nibroc).[2] Во 1922 година, Корбин ги завршил првите хартиени бришачи. Пред ова, имало само платнени крпи, но немало службено признаено хартиена крпа/бришач. Овој хартиен бришач бил викан „Nibroc“, што е обратно напишано од презимето Corbin.

Смрт и наследство

уреди

На 13 октомври 1951 година, „таткото на хартиените бришачи“, Вилијам Е. Корбин, починал во својот дом. Тој бил погребан на гробиштата Форест Хил во градот на неговото раѓање.[3] Хартиените крпи Ниброк ги произведувала Brown Company до 1970-тите.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Beginnings of the Cascade Paper Mill“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-21. Посетено на 21 декември 2023.
  2. „Once Upon A Berlin Time“. Архивирано од изворникот на 2013-09-26. Посетено на 21 декември 2023.
  3. „Brown Bulletin“ (PDF). Посетено на 21 декември 2023.