Википедија:Фотоловови 2023/Предлози/Дивле
Барателот ќе треба јасно да ги претстави своите планови, образложувајќи каде и што ќе фотографира, со кое превозно средство ќе патува, колку време ќе трае потфатот, колку членови ќе учествуваат во екипата (ако ги има) и колкави се проценетите трошоци. Врз основа на содржината на барањето, заедницата ќе донесе одлука во врска со предлогот. Барањето ќе биде одобрено во оној момент кога истото ќе добие три гласа „За“ или најмалку две третини од вкупниот број на гласови во случај веќе да има три гласа „Против“ или „Воздржан“.
Ве молиме, напишете ги бараните информации за предлогот под соодветните поднаслови подолу.
Основни информации
уредиМесто
уредиПоаѓање со автомобил, од Скопје (Општина Карпош) во правец Дивле.
Места на посета:
- Дивле (панорамски и улични фотографии)
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“
- Црква „Св. Петка“
- Црква „Св. Илија“
- Црква „Св. Недела“
- Димиеви кули - обележје
- Крстовите
- Врв Здравец
- Старата местоположба на Дивле
- Останати знаменитости
Траење
уредиДатум за изведување: 10.11.2023 во времетраење од 6 часа
Учесници
уредиИлијапетр со фотоапарат Canon + едно лице + 2 мештани водачи
Проценети трошоци
уреди1000 денари за гориво + 2200 денари за храна и пијалоци = вкупно 3200 денари
Дискусија на заедницата
уреди- Веројатно барателот мисли на 10 ноември 2023, бидејќи 10 октомври одамна помина. Воедно, јас би гласал позитивно за овој фотолов, но би сакал да бидат вклучени и селата Средно и Долно Коњаре, од кои немаме никакви фотографии, а низ истите барателот ќе помине. --Ehrlich91 (разговор) 17:25, 1 ноември 2023 (CET)
- Господине Ehrlich91, штом така предложувате, ќе бидат вклучени горенаведените села. Датумот е погрешно наведен. Секако, се однесува на 10 ноември во петок. Илијапетр (разговор) 20:12, 1 ноември 2023 (CET)
- @Илијапетр Фала ти за брзиот одговор, гласано :) --Ehrlich91 (разговор) 20:49, 1 ноември 2023 (CET)
- Господине Ehrlich91, штом така предложувате, ќе бидат вклучени горенаведените села. Датумот е погрешно наведен. Секако, се однесува на 10 ноември во петок. Илијапетр (разговор) 20:12, 1 ноември 2023 (CET)
Гласање
уреди- --Ehrlich91 (разговор) 20:49, 1 ноември 2023 (CET)
- --Иван Ж (Иван Ж (разговор) 11:55, 2 ноември 2023 (CET))
- --Dandarmkd (разговор) 12:07, 8 ноември 2023 (CET)
Заклучок
уредиОдобрено Согласно дадените гласови, предлогот се одобрува. Dandarmkd (разговор) 12:07, 8 ноември 2023 (CET)
- Напомена
Одобрените средства ќе бидат исплатени (повратени) откако фотографиите ќе се подигнат на Ризницата (Wikimedia Commons). При подигањето, учесникот задолжително мора да ја одбере лиценцата „Криејтив комонс 4.0“, да даде што попрецизен опис на подигнатото и да долу да ја внесе категоријата Divlje, Dolno Konjari, and Sredno Konjari за да ги заведе сликите на правилно место. Задолжително е на сликите да стојат и координати што би ги завел самиот апарат при сликањето. По подигањето, учесникот треба да задолжително да нè извести за тоа преку оставање на коментар на страницата за предложување.