Википедија:Фотоловови 2020/Предлози/Кратово
Барателот ќе треба јасно да ги претстави своите планови, образложувајќи каде и што ќе фотографира, со кое превозно средство ќе патува, колку време ќе трае потфатот, колку членови ќе учествуваат во екипата (ако ги има) и колкави се проценетите трошоци. Врз основа на содржината на барањето, заедницата ќе донесе одлука во врска со предлогот. Барањето ќе биде одобрено во оној момент кога истото ќе добие три гласа „За“ или најмалку две третини од вкупниот број на гласови во случај веќе да има три гласа „Против“ или „Воздржан“.
Ве молиме, напишете ги бараните информации за предлогот под соодветните поднаслови подолу.
Фотолов во Општина Кратово - фотолов на непосетените села, и знаменитости во градот Кратово кои не биле опфатени од страна на Викимедиината заедница.
Основни информации
уредиМесто/места
уредиКратово и кратовските села. Рутата во два правци е скоро 300 км:
Скопје-Татомир-Коњух-Димонце-Пендак-Страцин-Трновац-Кетеново-Крилатица-Талашнанце-Кратово ---> Скопје.
Во зависност од времето на раполагање ќе се обидам да ги посетам сите села западно од Кратово и да направам 3-4 фотографии за секое: селска чешма, училиште, панорамска фотографија, фотографија на сред село и сл. Ќе бидат фотографирани сите објекти од културно и историско значење во градот Кратово кои не се фотографирани досега (според табелата која ја добив во која од десната страна не стои фотографија).
Траење
уредиФотоловот ќе се изведе на 27 септември 2020 година и ќе биде во времетраење од 10-12 часа.
Поединец или група (тогаш и бр. на членови)
уреди- 44martin88 со опрема: фотоапарат Canon 7D Mark II со објективи: Tokina 11-16mm, Canon 18-135mm, Canon 50mm.
- На турата во кратовскиот регион ќе ми се придружат едно или две лица, пред се да ми асистираат со навигација и помош за фотографирањето.
Проценети трошоци
уредиПатувам со Опел Корса, на бензин и плин со што за гориво би потрошил околу 900 мкд. Трошоците за вода, освежување и ручек во Кратово би биле околу 800 мкд. Вкупните трошоци би изнесувале околу 1700 мкд.
Дискусија на заедницата
уредиГласање
уреди- --Ehrlich91 (разговор) 19:02, 18 септември 2020 (CEST) Одличен предлог :) --Ehrlich91 (разговор) 19:02, 18 септември 2020 (CEST)
- --Dandarmkd (разговор) 20:34, 18 септември 2020 (CEST)
- --Иван Ж (разговор) 19:07, 22 септември 2020 (CEST)
Заклучок
уредиОдобрено Согласно дадените гласови, предлогот се одобрува.--Dandarmkd (разговор) 11:45, 24 септември 2020 (CEST)
- Напомена
Одобрените средства ќе бидат исплатени (повратени) откако фотографиите ќе се подигнат на Ризницата (Wikimedia Commons). При подигањето, учесникот задолжително мора да ја одбере лиценцата „Криејтив комонс 4.0“, да даде што попрецизен опис на подигнатото и да долу да ја внесе категоријата Photohunt in the Kratovo Region за да ги заведе сликите на правилно место. Пожелно е на сликите да стојат и координати што би ги завел самиот апарат при сликањето. По подигањето, учесникот треба да задолжително да нè извести за тоа преку оставање на коментар на страницата за предложување.