Википедија:Уредувачки натпревар/СУ „Јосип Броз Тито“ 2018

Уредувачки натпревар ЈБТ 2018.jpg
Shared Knowledge Logo.svg
Уредувачки натпревари.svg
Уредувачки натпревар во „СУ Јосип Броз Тито“ 2018

 

од 1 февруари до 1 јуни 2018 година

 

Уредувачки натпревар во „СУ Јосип Броз Тито“ 2018 — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“, Википедија на македонски јазик и СУ „Јосип Броз Тито“ - Скопје, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на различни теми од области на образованието, науката, спортот, културата, уметноста.

Натпреварот почнува на 1 февруари 2018 г. во 00:00 ч. и завршува на 1 јуни 2018 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Сите ученици на СУ „Јосип Броз Тито“ кои се пријавиле за учество на натпреварот, потребно е преку своите кориснички сметки да се пријават се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии кои се предложени во рамките на долунаведените списоци од дадена област. Секоја од создадените или проширените статии ве молиме обележувајте ги со предлошката. Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на истава страница, при што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од зададената).

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаа прилика и значајно да прошират постоечка статија (никулец), при што жирито ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел. Се препорачува, учесниците при создавање на нови статии да ја користат алатката за превод на постоечки статии од други јазични изданија, која се наоѓа во горниот десен агол во делот за придонеси при посета и уредување на Википедија со најавена (логирана) корисничка сметка. (При создавање и најавување (логирање) на вашите кориснички сметки во делот нагодувања изберете ја верзијата „Бета“ и означете го делот „Преводи“ на крајот на страницата и запомнете ги измените, за да ви се овозможи и појави користење на алатката за превод).

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

Во натпреварот имаа можност да учествуваат ученици на СУ „Јосип Броз Тито“ регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите тројца учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачиУреди

евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. Ведран (разговор) 11:49, 17 март 2018 (CET)Ведран

Предлози за статииУреди

предлози

За уредување и создавање на нови статии на овој натпревар има список со 500 предлог статии кои недостасуваат на Википедија на македонски јазик, а за нив постојат статии на Википедија на англиски јазик, од каде што може да се преведува статијата преку алатката за преведување или да се користи текстот како материјал за изворно уредување на статијата.

Членови на жиритоУреди

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

НаградиУреди

Ќе се доделат три награди за највредните тројца придонесувачи во натпреварот, а самите награди ќе бидат три таблет уреди.