Википедија:Статии без илустрација 2022

Glam Macedonia.svg
Shared Knowledge Logo.svg
WPWP logo 1.png
#WPWP од 1 јули до 31 август. Приклучете се!


Статии без илустрација или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Ова е огромен јаз кој оваа кампања се обидува да го премости. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“.

Како да учествувате?Уреди

1. Мора да имате корисничка сметка на Википедија, создадена пред 1 јули 2021 година.
2. Најдете статија без илустрација
3. Најдете соодветна илустрација на Ризницата
4. Поставете ја илустрацијата на соодветно место во статијата, и зачувајте ги промените
5. Поставете го записот #WPWPMK (за да учествувате за македонските награди) и #WPWP (за да учествувате за меѓународните награди) во делот „Опис“ на промените што ги правите.

Напомена: Доколку не го поставите записот, таа промена нема да влезе во вашиот краен резултат. Алатката поврзана со хатштагот брои еден поен за едно зачувување, без разлика колку илустрации сте поставиле. Затоа, доколку внесувате повеќе од една слика во иста статија, или пак внесувате галерија, сликите зачувувајте ги една по една, и на секое зачувување во опис внесете го записот.

6. Може да создадете статија за да употребите илустрација
7. За полесно наоѓање на статии без илустрација може да ја користите алатката Петскан, а упатството за тоа како се користи алатката е на следната врска.

Накртако:
1. Влезете на страницата: http://petscan.wmflabs.org
2. Во делот „Јазик“, одберете го јазичниот код (mk за македонски јазик)
3. Одберете статии според категоријата, односно во делот „Категории“ внесете го името на категоријата, на пример: Градови во Африка
4. Притиснете на јазичето „Page Property“, потоа во делот „Lead image“ притиснете „Nо“.
5. Притиснете на „do it“.
6. Најдолу ќе ви бидат прикажани статиите од таа категорија кои немаат илустрација.

ПравилаУреди

 
Додавањето на фотографии во статии без илустрација треба да се одвива меѓу 1 јули и 31 август 2022 година.
 
Нема ограничување во врска со бројот на илустрации што може да ги употребите. Но сепак постојат различни категории на награди (видете подолу).
 
Фотографијата што ја користите мора да биде поставена под слободна лиценца или во јавна сопственост. Други лиценци што се прифаќаат се: CC-BY-SA 4.0, CC-BY 4.0, CC0 1.0.
 
Учесниците мора да се регистрирани на било која јазична Википедија и да учествуваат со своето корисничко име, кое треба да е регистрирано пред 1 јули 2021 година.
 
Описот што се додава под сликата мора да биде јасен и соодветен.
 
Учесниците мора да го вклучуваат записот #WPWPMK на секое зачувување на промени кога внесуваат илустрација, и на секоја статија на која внесуваат илустрација. Исто така поставете го записот #WPWP за да учествувате за меѓународните награди.

Временска рамкаУреди

Кампањата се одржува еднаш годишно.

  • Почеток: 1 јули 2022 г., 00:01 (UTC)
  • Крај: 31 август 2022 г., 23:59 (UTC)
  • Објавување на резултатите: 10 октомври 2022 г.

НаградиУреди

Меѓународни наградиУреди

Награди за учесниците кои поставиле најголем број на илустрации во статии

1. прва награда ваучер + сувенир и диплома
2. втора награда ваучер + сувенир и диплома
3. трета награда ваучер + сувенир и диплома

За македонските учесници се обезбедени посебни локални награди. Вкупно има на располагање 5 награди поделени на следниов начин:

  1. Прва награда - ваучер во вредност од 12.000 денари (се доделува 1 ваучер на еден корисник)
  2. Втора награда - ваучер во вредност од 6.000 денари (се доделуваат 4 ваучери на четири различни корисници)

Забелешка: Наградите ќе бидат доделени на најплодните учесници, кои имаат поставено илустрација на најмалку 100 различни статии на Википедија на македонски јазик. Доколку овој услов не биде постигнат, организаторите го задржуваат правото да не ги доделат наградите. За македонските награди, поените ќе се пресметуваат по принципот: една статија еден поен за илустрациите, без разлика колку илустрации сте поставиле во таа статија.

Доколку имате некои прашања, поставете ги на страницата за разговор на оваа страница.

РезултатиУреди

Резултатите од уредувањето се:

1. Тиверополник: 2828 поени
2. Lili Arsova 1238 поени
3. Doni12345: 960 поени
4. Krstevska123: 218 поени
5. P.Nedelkovski: 131 поен
6. SirGoldenBlade: 115 поени
7. Ina pet: 110 поени
8. Baek147: 10 поени
9. Banja147: 8 поени
10. BlueEagle1: 7 поени
11. Bojan9Spasovski 4 поени
12. Mario Stamenkoski 1 поен
13. 95.180.237.128 1 поен
14. 89.205.98.158 1 поен

Надворешни врскиУреди