Википедија:Википедијанци

Википедијанците/ките се лица што пишуваат и уредуваат статии за Википедија, за разлика од читателите/ките кои само ги читаат статиите и останатите содржини. Секој може да биде Википедијанец/ка, вклучително и вие. Доволно е само да се притисне на врската уреди на почетокот од секоја страница или на почетокот од секое заглавие во статијата.
Предложено е дека Википедист/ка би било посоодветно име, како што енциклопедист/ка е некој/а што придонесува на енциклопедија. „Википедијанецот/ката“ е дел од група или заедница како деноним. Во оваа смисла, википедијанци/ки се луѓе кои ја формираат Википедија заедницата.
Бројот на сопственици на сметки на Википедија постојано се зголемува и денес има точно 121.321 регистрирани корисници/чки, плус непознат/а, но исто така голем број на нерегистрирани уредувачи/ки. Сепак, повеќето регистрирани корисници/чки не се редовни уредувачи/ки (види Листа на корисници за целосната листа). Детални статистички податоци за Википедија се достапни на овде.
Разновидноста на википедијанците/ките ги прави скоро невозможни можните категорични тврдења за википедијанците/ките како целина. Информации за повеќето регистрирани корисници/чки можат да се најдат на нивните кориснички страници. Сепак, корисниците/чките не се обврзани да ги создаваат овие страници или да ставаат информации на нив, тоа е по избор и може да биде избегнато.
Некои википедијанци/ки ги пречекуваат новите корисници; некои википедијанци/ки ги наградуваат оние за кои чувствуваат дека заслужиле награда. Некои подигнуваат слики; некои работат на статии за историјата; некои ги поправаат граматичките грешки; а пак други работат на отстранување на вандализам. Некои ги прават сите овие задачи. Без разлика која задача некој/а ќе ја одбере, трудот на секој/а википедијанец/ка е скапоцен.
Поврзано
уреди91 / 100
|
Според глобалното Испитување на уредувачите на Википедија од 2011 година од сите википедијанци, 91% од уредувачите се машки. Но бројката на женски уредувачи е во постојан пораст.
|
20 / 100
|
76 / 100
|
40 / 100
|
Како што може и да се очекува, повеќето од уредувачите главно уредуваат (76%) или читаат (49%) на Англиската Википедија, потоа на Германската Википедија со 20% и 12%, потоа на Шпанската Википедија со 12% и 6% соодветно. Повеќе од половина (51%) од уредувачите придонесуваат на два или повеќе јазици.
|
59 / 100
|
59% од уредувачите се на возраст од 17 до 40 години, поточно, 14% од уредувачите се на возраст од 18–21, 13% од 22–29, и 19% се 30–39. 28% уредувачи се на возраст од 40+, а 13% се на возраст од 17 години или помлади.
|
66 / 100
|
66% од уредувачите велат дека основна цел им е да ги средуваат постоечките статии, 42% велат дека ги пребаруваат статиите а 28% создаваат нови статии. 23% велат дека најповеќе ја надгледуваат работата на другите, 22% учествуваат главно во дискусиите а 17% главно подигнуваат слики и други мултимедијални содржини.
|
71 / 100
|
71% од уредувачите придонесуваат бидејќи им се допаѓа идејата доброволно да го споделуваат знаењето, 69% веруваат дека информациите треба да бидат слободно достапни а 63% велат дека то го прават од забава. 7% уредуваат на Википедија од професионални причини.
|
Корисници/чки
уредиВрз основа на корисничките права, се разликуваат следниви кориснички групи[1]: [исчисти]
- Администратори: 12
- Ботови: 95
- Прегледувачи: 33
- Бирократи: 2
- Создавачи на сметки: 2
- Автопатролери: 0
- Checkusers: 0
- Потврдени корисници: 3
- Edit filter managers: 0
- File movers: 0
- Founders: 0
- Importers: 0
- IP block exemptions: 15
- Oversighters: 0
- Researchers: 0
- Rollbackers: 0
- Stewards: 0
- Transwiki importers: 0
Забелешка: Некои кориснички групи (како што се надзорниците) дејствуваат глобално и тие не се бирани од месната заедница и за нив не важат месните правила.
Наводи
уреди- ↑ Овие бројки динамички се ажурираат со волшебното зборче NUMBERINGROUP:groupname