Википедија:Википедијанци

(Пренасочено од ВП:УРЕДУВАЧИ)
Кратенки:
ВП:ЕДИЈАНЦИ
ВП:КОРИСНИЦИ
ВП:УРЕДУВАЧИ
Секој може да ја има Википедија во своите раце, вклучително и вие. Се што треба да направите е да започнете да уредувате некоја статија.

Википедијанците/ките се лица што пишуваат и уредуваат статии за Википедија, за разлика од читателите/ките кои само ги читаат статиите и останатите содржини. Секој може да биде Википедијанец/ка, вклучително и вие. Доволно е само да се притисне на врската уреди на почетокот од секоја страница или на почетокот од секое заглавие во статијата.

Предложено е дека Википедист/ка би било посоодветно име, како што енциклопедист/ка е некој/а што придонесува на енциклопедија. „Википедијанецот/ката“ е дел од група или заедница како деноним. Во оваа смисла, википедијанци/ки се луѓе кои ја формираат Википедија заедницата.

Бројот на сопственици на сметки на Википедија постојано се зголемува и денес има точно 120.414 регистрирани корисници/чки, плус непознат/а, но исто така голем број на нерегистрирани уредувачи/ки. Сепак, повеќето регистрирани корисници/чки не се редовни уредувачи/ки (види Листа на корисници за целосната листа). Детални статистички податоци за Википедија се достапни на овде.

Разновидноста на википедијанците/ките ги прави скоро невозможни можните категорични тврдења за википедијанците/ките како целина. Информации за повеќето регистрирани корисници/чки можат да се најдат на нивните кориснички страници. Сепак, корисниците/чките не се обврзани да ги создаваат овие страници или да ставаат информации на нив, тоа е по избор и може да биде избегнато.

Некои википедијанци/ки ги пречекуваат новите корисници; некои википедијанци/ки ги наградуваат оние за кои чувствуваат дека заслужиле награда. Некои подигнуваат слики; некои работат на статии за историјата; некои ги поправаат граматичките грешки; а пак други работат на отстранување на вандализам. Некои ги прават сите овие задачи. Без разлика која задача некој/а ќе ја одбере, трудот на секој/а википедијанец/ка е скапоцен.

Поврзано

уреди
Пол
91 / 100
Според глобалното Испитување на уредувачите на Википедија од 2011 година од сите википедијанци, 91% од уредувачите се машки. Но бројката на женски уредувачи е во постојан пораст.
Националност
20 / 100
Повеќето уредувачи (20%) живеат во САД, потоа во Германија (12%) и Русија (7%). Единствената земја која не е во Европа или Северна Америка во првите 10, е Индија (3%).
Јазик на уредување
76 / 100
40 / 100
Како што може и да се очекува, повеќето од уредувачите главно уредуваат (76%) или читаат (49%) на Англиската Википедија, потоа на Германската Википедија со 20% и 12%, потоа на Шпанската Википедија со 12% и 6% соодветно. Повеќе од половина (51%) од уредувачите придонесуваат на два или повеќе јазици.
Старосна структура
59 / 100
59% од уредувачите се на возраст од 17 до 40 години, поточно, 14% од уредувачите се на возраст од 18–21, 13% од 22–29, и 19% се 30–39. 28% уредувачи се на возраст од 40+, а 13% се на возраст од 17 години или помлади.
Што се уредува
66 / 100
66% од уредувачите велат дека основна цел им е да ги средуваат постоечките статии, 42% велат дека ги пребаруваат статиите а 28% создаваат нови статии. 23% велат дека најповеќе ја надгледуваат работата на другите, 22% учествуваат главно во дискусиите а 17% главно подигнуваат слики и други мултимедијални содржини.
Зошто да придонесувате?
71 / 100
71% од уредувачите придонесуваат бидејќи им се допаѓа идејата доброволно да го споделуваат знаењето, 69% веруваат дека информациите треба да бидат слободно достапни а 63% велат дека то го прават од забава. 7% уредуваат на Википедија од професионални причини.

Корисници/чки

уреди

Врз основа на корисничките права, се разликуваат следниви кориснички групи[1]: [исчисти]

  • Администратори: 12
  • Ботови: 95
  • Прегледувачи: 31
  • Бирократи: 2
  • Создавачи на сметки: 2
  • Автопатролери: 0
  • Checkusers: 0
  • Потврдени корисници: 2
  • Edit filter managers: 0
  • File movers: 0
  • Founders: 0
  • Importers: 0
  • IP block exemptions: 15
  • Oversighters: 0
  • Researchers: 0
  • Rollbackers: 0
  • Stewards: 0
  • Transwiki importers: 0

Забелешка: Некои кориснички групи (како што се надзорниците) дејствуваат глобално и тие не се бирани од месната заедница и за нив не важат месните правила.

Наводи

уреди
  1. Овие бројки динамички се ажурираат со волшебното зборче NUMBERINGROUP:groupname