Википедија:Избрана статија/2023/14
Џорџ Орвел (1903 — 1950) — англиски романописец, есеист, новинар и критичар. Неговата работа е забележителна поради рационалната проза, социјалната критика, противење на тоталитаризмот и отворената поддршка на демократскиот социјализам.
Како писател, Орвел создал книжевна критика и поезија, фикција и полемично новинарство. Орвел е најпознат по алегоричниот роман „Животинска фарма“ (1945) и дистопискиот роман „1984“ (1949). Неговите дела кои не се фикција вклучуваат „Патот за Виганскиот док“ (1937), каде е документирано неговото искуство со животот на работничката класа во Англија и романот „Во чест на Каталонија“ (1938), која всушност е негов запис за неговото искуство како активен учесник во Шпанската граѓанска војна. Покрај овие, Орвел има објавено бројни есеи со политичка и книжевна тематика, кои се забележителни во неговото творештво. Во 2008 година, весникот „Тајмс“ (The Times) го рангирал Џорџ Орвел на второто место на списокот на „50 најголеми британски писатели од 1945 па до денес“.
Делата на Орвел остануваат влијателни во популарната и политичката култура во светот. Неговото влијание резултирало со создавањето на придавката „орвеловски“ (Orwellian), која, предимно, се користи во англискиот јазик за да се опише тоталитарно и автократско општество и практики. Дополнително, тој и неговите дела вродиле голем број неологизми во англискиот јазик, кои и денес се користат. Еден од светските најпознати зборови или изрази кои Орвел ги создал, и кој и денес се користи, е „Големиот брат“ (The Big Brother). (Дознајте повеќе...)