Аугусто Пиноче во 1974 г.
Аугусто Пиноче во 1974 г.

Аугусто Пиноче (1915 – 2006) — чилеански генерал и диктатор кој ја презел власта со државниот удар од 11 септември 1973 година. Тој бил началник на Генералштабот на Чилеанската армија (1973-1998 година), претседател на владината хунта на Чиле (1973-1981 година) и претседател на Чиле од 1974 до 1990 година кога ја предал власта на демократски избраниот претседател Патрицио Ајлвин.

До почетокот на 1972 година, Пиноче бил општ началник на Генералштабот на Чилеанската армијата. На 23 август 1973 година бил унапреден во главен началник на началник на Генералштабот на Чилеанската армијата од страна на претседателот Салвадор Аљенде. На 11 септември 1973 година, Пиноче го предводел државниот удар со кој биле соборени претседателот Аљенде и социјалистичката влада. Во декември 1974 година, воената хунта го назначила за свој претседател, меѓутоа воздухопловни сили на генералот Густаво Гусман не се согласувале со тоа.

Од самиот почеток, хунтата спроведувала остри мерки против своите политички противници. Според различни извештаи и истражувања околу 1.200-3.200 биле убиени, околу 80.000 биле интерниран и околу 30.000 луѓе биле измачувани од страна на неговиот режим, вклучувајќи жени и деца. (Дознајте повеќе...)