Сателитска снимка на Тенерифе
Сателитска снимка на Тенерифе

Тенерифе (шпански: Tenerife) — најголемиот и најнаселен остров на седумте Канарски Острови. Со површина од 2.034,38 квадратни километри и 898.680 жители, опфаќа 43 % од вкупното население на Канарските Острови. Тенерифе е најголемиот и најнаселен остров во Макаронезија.

Островот го посетуваат пет милиони туристи секоја година, според кои податоци Тенерифе е најпосетуваниот остров на архипелагот. Островот е еден од најважните туристички дестинации во Шпанија и во светот. Тенерифе е домаќин на еден од најголемите карневали во светот, а карневалот во Санта Крус де Тенерифе работи за прогласување на настанот од страна на УНЕСКО како нематеријално културно наследство на светот. Во Тенерифе постојат два аеродроми: Северен и Јужен. Тенерифе претставува економски центар на архипелагот.

Главниот град на островот, Санта Крус де Тенерифе, исто така е седиште на островотскиот совет (cabildo insular). Градот е главен град на автономната заедница на Канарски Острови (заедно со Лас Палмас), делејќи ги владините институции како што се претседателството и министерствата. Во периодот помеѓу територијалната поделба на Шпанија и 1827 година, Санта Крус де Тенерифе бил единствениот главен град на Канарските Острови. Во 1927 година, Шпанија прогласила два главни градови на Канарските Острови, како што е и денес. Во Санта Крус се наоѓа современата сала „Аудиторио де Тенерифе“, архитектонски симбол на Канарските Острови.

На островот се наоѓа и Универзитетот на Ла Лагуна, основан во 1792 година во Сан Кристобал де Ла Лагуна. Овој универзитет е најстариот универзитет во Канарските Острови. Градот Ла Лагуна е вклучен во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО и бил главен град на Канарските Острови пред да го замени Санта Крус во 1833 година. (Дознајте повеќе...)