Википедија:Избрана статија/2015/02
Евгеника (од грчки: εὐγενής, од εὖ „добро“ и γένος „род, сој“) — проучување и практикување на селективното размножување кое се применува на луѓето, со цел да се подобри видот. Во историска и поширока смисла, евгениката може, исто така, да биде и проучување за „подобрување на човековите генетски квалитети“. Поборниците на евгениката бараат да се спречи она што тие го сметале како дисгеничка динамика во човечкиот генетски фонд. Конкретно, во однос на пренесувањето на вродените пореметувања и чинители (фактори) кои влијаат на целосната социјална интелигенција која е поврзана со наследливоста на коефициентот на интелигенција.
Евгениката уживала широка популарност во првите децении на XX век, но стекнала лош глас откако станала асоцијација на нацистичка Германија. По Втората светска војна и јавноста и научните заедници ја поврзувале евгениката со нацистичките злоупотреби, како на пр. расната хигиена, екпериментирањето врз луѓе и истребувањето на „непосакувани“ популациски групи. Меѓутоа, развојот на генетските, геномските и размножувачките технологии кон крајот од XX век, подигна многу нови прашања и грижи за значењето на евгениката и нејзиниот етички и морален статус во денешницата. (Дознајте повеќе...)