Википедија:Избрана статија/2011/38
Џејн Остин (1775-1817) — англиски романописец, чиј реализам, остри коментари за општеството и одличната употреба на слободниот индиректен говор, пародијата и иронијата и го овозможиле местото на една од нашироко читана и најмногу сакана писателка во англиската книжевност.
За време на животот на Остин, бидејќи таа одлучила да ги издава анонимно, нејзините дела ѝ донеле малку лична слава и само неколку позитивни критики. Делата на Остин го критикуваат романот на чувствата од втората половина на 18 век и се дел од преминот кон реализмот на 19 век и истите ја нагласуваат зависноста на жената од бракот за да обезбеди положба во општеството и економска безбедност.
Првенствено таа била образувана од страна на нејзиниот татко и постар брат, како и преку нејзиното самостално читање. Безрезервната поддршка од страна на нејзиното семејство била важна при развивањето на Остин како професионален писател. Од 1811 па сè до 1816 година, со издавањето на „Разум и чувства“ (1811), „Гордост и предрасуди“ (1813), „Паркот Менсфилд“ (1814) и „Ема“ (1816), таа постигнала успех како еден од најголемите англиски писатели. (Дознајте повеќе...)