Википедија:Избрана статија/2009/26
Оскар Вајлд (1854-1900) бил ирски драмски писател, поет и автор на бројни раскази и на еден роман. Познат по неговата зајадлива досетливост, станал еден од најуспешните драмски писатели на доцната викторијанска епоха во Лондон, како и една од најпознатите личности на неговото време.
За време на неговото школување, додека бил во колеџот „Магдален“, Вајлд станал особено познат по неговата улога во естетското и декадентското движење. Почнал да носи долга коса и отворено да ги исмева таканаречените „машки“ спортови, а започнал и да си ја украсува собата со пауни пердуви, кринови, сончогледи, син порцелан и со други декоративни предмети. Како врвен естет во Британија, Вајлд станал една од највидните личности на своето време. Иако некогаш го исмевале поради нив, неговите парадокси и остроумни изреки се цитирале насекаде. Негови најпознати дела се комедијата „Ладалото на Леди Виндермаер“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Идеален маж“ и романот „Сликата на Доријан Греј“. Повеќе...