Википедија:Избрана статија/2008/49
Фенг шуи е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата. Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи служи за разместување на предметите (како на пример мебелот) со што на луѓето им се помага да ги остварат своите цели. Но, традиционално, фенг шуи се користи првенствено за да се одбере местото на живеење, за работа и за гробни места.
Традиционалниот фенг шуи компас се нарекува луопан, и за разлика од конвенционалниот, овој компас го покажува југ. Во 1949 година, комунистите во Кина го прогласиле фенг шуи за „општествено зло“, а едно време бил потполно забранет. Посебно било строго за време на „културната револуција“, кога практикантите на фенг шуи биле тепани од страна на Црвената Гарда, а нивните книги биле спалувани. Западот не покажувал многу интерес за фенг шуи сè до 1972 година, после патувањето на Ричард Никсон во Кина. Оттогаш, фенг шуи се претвора во индустрија. (повеќе...)