Википедија:Избрана статија/2008/27
Европското првенство во фудбал 2008, често нарекувано само Евро 2008 е тринаесеттото Европско првенство во фудбал, најголем фудбалски турнир на кој учествуваат најдобрите фудбалски репрезентации од европскиот континент. Турнирот, чии домаќини беа Австрија и Швајцарија, започна на 7 јуни 2008 година и заврши со големото финале меѓу Шпанија и Германија, одиграно на Ернст Хапел стадионот во Виена на 29 јуни 2008, на кое шпанската репрезентација со голот на Фернандо Торес успеа да ја освои својата втора европска титула. Претходно, во полуфиналните натпревари, Шпанија ја победи Русија, а Германија во еден возбудлив натпревар успеа да ја совлада Турција со гол во последната минута.
На турнирот учествуваа шестнаесет земји. Австрија и Швајцарија се квалификуваа автоматски како домаќини; останатите четиринаесет репрезентации беа избрани низ квалификациски циклус, кој отпочна од август 2006 година. Шпанија, како победник на Евро 2008 се пласира на Купот на Конфедерациите 2009, закажан да се одржи во Јужна Африка.