mini
mini

Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) позната и како ВМРО (Автономистичка) е формирана во 1919 година на територијата на Пиринска Македонија, од страна на Тодор Александров и Александар Протогеров, под претекст дека се возобновува старото ВМОРО. Врвна точка во дејноста на организацијата е атентатот на српскиот престолонаследник Александар Караѓорѓевиќ.

Во навечерјето на Балканските војни, ВМОРО е скоро неактивна. Поголемиот дел од бившите членови дејствуваат со мирни средства преку работата на Федералистичката партија и Конституционите клубови. Но еден дел од кадрите на ВМОРО прави обиди, преку исценирање провокации, да го реанимира Македонското Прашање.

На чело на оваа група е Тодор Александров, кој во 1912 ги организира “Магарешките атентати“. Опремените од него групи, товарат екслозив на магариња, и ги оставаат пред турски пазари. Бомбите го одземаат животот на десетици Турци, кои пак својот бес го исфрлаат врз недолжното христијанско население. На овој начин Александров ја постигнува својата цел.

За време на балканските војни, Александров мобилизира бивши кадри од ТМОРО (како Чаулев, Чакаларов и други), со кои формира големи чети и ги праќа во Македонија со цел да вршат диверзантски акции во тилот на Турската Армија.