Википедија:Запознајте ја Србија

GLAM Macedonia
Serbia

Запознајте ја Србија е уредувачки едномесечен предизвик за членовите на Вики Клубовите во Република Македонија, што се одржува од 20 јануари 2022 (00:01) до 20 февруари 2022 (23:59). Проектот е во организација на Здружението ГЛАМ Македонија поддржан од Управа за дијспора и Срби во регионот на Република Србија и Амбасадата на Србија во Скопје.

Цели и правилаУреди

Запознајте ја Србија се одржува со цел да се намали недостатокот на статии со српски теми на Википедија на македонски јазик. Сите стари и нови членови на Вики Клубовите во Република Македонија се добредојдени да земат учество.

Нема строги правила освен следниве:

  • Учесникот мора да биде член на некој од Вики Клубовите
  • Статијата создадена или надополнета во овој период мора да биде на српски теми
  • Статијата може да биде нова или надополнета постоечка статија

Најдобрите пет учесници ќе добијат награди и дипломи, на јавен свечен настан во Скопје. Наградите ги обезбедува Амбасадата на Србија во Скопје.

ТемиУреди

Како теми за статиите се прифаќаат сите статии од категоријата Србија, со нагласок на историја, географија и култура на Србија. Врска до Категорија Србија на Википедија на српски јазик.

УчеснициУреди

Учесниците и нивните придонеси може да се најдат на Википедија:Запознајте ја Србија/Учесници

РезултатиУреди

За време на уредувачкиот едномесечен предизвик „Запознајте ја Србија“ беа создадени вкупно 1206 статии од 23 млади уредувачи.
Според жири комисијата, резултатите се следните:

  1. Марко К.: 2203 поени (190 статии)
  2. Kostovska: 1305 поени (96 статии)
  3. Mario Stamenkoski: 985 поени (254 статии)
  4. Petar Barsa: 845 поени (104 статии)
  5. Gdimovska13: 788 поени (94 статии)
5. Viktor Borojevic 788 статии (140 статии)

6 Ina pet 497 поени (30 статии)
7 Ksrtevska123 237,5 поени (72 статии)
8 Doni12345 219 поени (56 статии)
9 SimonaWikiOhird 196 поени (84 статии)
10 Irena Milojevik 126 поени (3 статии)
11 Velichovskas‎ 100 поени (4 статии)
12 Lozanoski22 97 поени (12 статии)
13 Kalan Wiki2 46 поени (5 статии)
14 Baek147 43 поени (16 статии)
15 Banja14 42 поени (17 статии)
16 Jana rufcheska 30,5 поени (8 статии)
17 Sofija Kliment 23 поени (1 статија)
18 Mirkovicjanna 13 поени (16 статии)
19 Dafina Kliment 12 поени (2 статии)
20 Filip Kliment 2 поени (1 статија)
21. Petar Kliment 1 поен (1 статија)
22 Stefan Kliment 1 поен (1 статија)

Во Амбасадата на Србија 23 март, имаше свечено доделување на наградите за победниците на едномесечниот уредувачки предизвик ‘’Запознајте ја Србија’’. Настанот беше организиран од страна на Српска заедница во Македонија, Амбасадата на Србија и Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија, а е подржан од Управа за дијаспора и Срби во регион на Република Србија. На доделувањето учествуваа победниците, Амбасадорката Невена Јовановиќ, Преседателот на здружение Српска заедница во Македонија – Гордана Јовиќ-Сојковска и член на извршен одбор на Глам Македонија како и Претседателот на здружението Снежана Штрковска.

КонтактУреди

Повеќе информации можете да добиете со непосреден контакт со ГЛАМ Македонија преку испраќање порака на електронската пошта: glammacedonia@gmail.com, како и контактирање на одговорните корисници на Википедија за овој проект: Виолетова, MB, Gordi.

Надворешни врскиУреди