Википедија:Вики ги сака спомениците 2021/Македонија

Погледајте ги победничките фотографии на Вики ги сака спомениците 2021 во Македонија!

Лого на Вики ги сака спомениците Македонија
Добре дојдовте на
Вики ги сака спомениците 2021
Македонија

Вики ги сака спомениците (англиски: Wiki Loves Monuments; WLM) — натпревар на фотографии организиран од Википедија/Викимедија за спомениците и заштитените објекти, односно културното наследство во Македонија. Натпреварот беше прв пат организиран во 2010 година од страна на Википедија на холандски јазик, додека на македонско тло биле организирани изданијата во 2014 и 2015 година.

Целта на натпреварот

Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од македонските заштитени споменици. Овие фотографии потоа ќе можат да се подигнат на Ризница на Викимедија (Wikimedia Commons) под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие градби на Википедија, како и за други слободни проекти!

Видеоупатство: Како да подигате слики во натпреварот
Награди

Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:

  • Прва награда за најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 400 евра
  • Втора награда за втора најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 200 евра
  • Трета награда за трета најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 100 евра
  • Четврта награда за најмногу фотографирани градби – денарска противвредност од бруто 300 евра
Како да учествувам?
  1. Внимателно прочитајте ги правилата за учество и изгледајте го видеоупатството;
  2. Направете квалитетни фотографии од документарен карактер од спомениците во Македонија, а потоа, подигнете ги на Ризницата со слободна лиценца преку Образецот за подигање слики. Не заборавајте да ја дадете предлошката (вид. во правилата);
  3. Пријавете се за учество, наведувајќи ги Вашите информации преку образецот за пријавување.

Правила за учество на натпреварот

уреди
  1. Фотографијата мора да прикажува градба или дел/делови од градбите што претставуваат културно наследство на Македонија. Погледајте го издвоениот список на Списокот на градбите прогласени за споменици на културата (заштитени објекти). Напомена: Само фотографии од градби кои се наведени во списокот се сметаат за важечки.
  2. Фотографиите не треба да содржат дигитален жиг, или да бидат во голема мера дигитално изменувани.
  3. Фотографиите мора да бидат подигнати на Ризницата на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да направи/поседува корисничка сметка на истата.
  4. Секоја фотографија мора да биде подигната под лиценца за слободна документација: Криејтив Комонс Наведи извор 4.0 (CC BY-SA-4.0)
  5. Сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот — период од еден месец: помеѓу 1 септември 2021 во 0:00:00 часот и 30 септември 2021 г. во 23:59:59 часот по македонско (средноевропско) време.
  6. Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник во натпреварот, а не е важно кога е направена, под услов да е подигната во времетраењето на натпреварот.
  7. Насловот на сликата да е на македонски јазик и на кирилица и јасно да ја насловува градбата која е прикажана и местото каде се наоѓа заради појасна диференцијација со слични топомини. Примери: Црква „Св. Илија“ - Грнчари, Куќа на ул. „Димитар Влахов“ бр. 37 - Охрид, Мачевски Чуки (Охрид). Исто така, опис на сликата на англиски и македонски јазик.
  8. Содржината на фотографијата мора да биде од документарен карактер (да нема уметнички лик и намера).
  9. Секоја подигната слика мора да биде категоризирана во Category:Images from Wiki Loves Monuments 2021 in Macedonia.
  10. При закачувањето, секоја подигната слика мора да ја содржи предлошката {{wlm21mk|код}} која се додава во графата Други информации/Other information, каде што „код“ е типскиот код на градбата која е фотографирана. Списокот на споменици и нивните типски кодови е наведен подолу.
  11. По можност да бидат ставени и геокоординати од местото каде што се сликани (геокоординати не се задолжителни).
  12. Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество со пополнување на Образецот за пријава на учесник. Секој учесник во него треба да наведе неговото име и презиме, корисничкото име на Ризницата (Commons), како и е-пошта и телефонски број за контакт.
  13. За учесникот да ја добие наградата за најмногу фотографирани градби, потребно е да бидат фотографирани најмалку 15 различни градби кои се културно наследство на Македонија.

Список на споменици

уреди

Типски кодови на спомениците

уреди

Ова се кодови на типовите (класи, категории) на споменици според националната класификација на Управата за заштита на културното наследство на Македонија. Самите кодови се произволно одредени од Википедија на македонски јазик, во отсуство на други.

A: Верски објекти

уреди
A01 Христијански
A02 Исламски
A03 Јудаистички
A04 Пагански

B: Цивилни објекти

уреди
B01 Управни, административни, правосудни, финансиски и др. објекти
B02 Здравствено-хигиенски објекти
B03 Објекти од социјалната заштита
B04 Објекти за спорт, рекреација и забава
B05 Станбени објекти
B06 Јавни скулптури, паметници, епиграфски споменици
B07 Објекти од историско значење (во кои се случил важен настан или е родена/живеела важна личност)
B08 Објекти од полето на културата, науката и образованието
B09 Земјоделски објекти и постројки
B010 Занаетчиски објекти и постројки
B011 Трговски, продажни и угостителски објекти
B012 Јавни градежни и комунални објекти

C: Воени објекти

уреди
C01 Тврдини и утврдувања
C02 Други воени објекти

D: Погребни објекти

уреди
D01 Гробни објекти и надгробни споменици
D02 Погребни објекти

E: Споменички целини

уреди
Е01 Населени места
E02 Комлекси во тврдини
E03 Комплекси од верски карактер (манастири, текии и сл.)
E04 Стопански комплекси
E05 Здравствено-хигиенски и рекреативни комплекси
E06 Административно-управни и резиденцијални комплекси
E07 Комплекси од научно-образовен и културен карактер
E08 Меморијални комплекси

F: Културни предели

уреди
F01 Историско-меморијални подрачја и места
F02 Етноподрачја
F03 Археолошки подрачја
F04 Гробишта и др. гробни подрачја
F05 Урбани подрачја со препознатливи амбиентално-архитектонски и др. одлики

G: Други културни предели

уреди
G01 Културни пејзажи
G02 Подрачја од научен интерес

X: Непознато

уреди
X Се користи кога не ви е јасно или не сте сигурни во која категорија треба да се стави сликаното

Образец за подигање слики

уреди

Подигнете слики!