Куќа – сопственици Милош и Динго Меловски (Галичник)
Куќата на Милош и Динго Меловски ― историска куќа во сопственост на галичкото семејство Меловски која е заведена како културно наследство на Македонија.
Куќа на Милош и Динго Меловски | |
---|---|
Културно добро на Македонија | |
Адреса | Средно Маало / Упија, Галичник |
Општина | Маврово и Ростуше |
Број | [1] |
Создадено | 1910 |
Запис на НИСКН |
Историја
уредиКуќата била изградена во 1910 година од страна на семејството Филиповски, односно била градена во времето кога двајца од четворицата браќа, Арсе и Илија, решиле да прават куќи на тоа место. Оваа куќа, од предната страна и над тремската врата, го има името на Арсе. Еден од синовите на Арсе, Дојчин, изградил и трета куќа, веднаш до оваа куќа, но таа куќа е срушена. Вториот син на Арсе, Ристе, имал три деца: Јаков, Каре и Олга. Каре и Јаков немале потомство и најверојатно починале млади. Со тоа, целата куќа припаднала на Олга Филиповска. Во почетокот на 1920тите (веројатно 1923 година), Олга се омажила за Јован Меловски. Тој дошол како домазет во куќата и од тогаш оваа куќа постанала меловска куќа. Јован и Олга имале шест деца: Милош, Риндо, Динго, Илија, Драгица и Мара. Во 1964 година, Јован поради големата потреба од учители, добил можност да предава како учител во Скопје. Согласно 2021 година, куќата е одржувана и употребувана од потомците на Динго и Илија.[1]
Наводи
уреди- ↑ Изјава на Диме Меловски - потомок (внук) на Динго Меловски. Датум на извор: 2 декември 2021. Пристапено на 11 декември 2021.